Во 1974-та, чилеанскиот режисер Алехандро Ходоровски започна со снимањето на филм базиран на романот Дина (Dune). За проектот ги ангажираше Орсон Велс, Пинк Флојд, Дејвид Карадин, Салвадор Дали и Мик Џегер. Направи речиси 3.000 скици за филмот и потроши милиони долари на подготовките за продукција. Потоа се случија 2 работи - им побара уште пари на инвеститорите и второ, тие сфатија дека според сценариото филмот треба да трае 14 часа. Ова беше крај на проектот.