Како изгледа чекот од најскапиот трансфер во историјата на фудбалот?

Оние 94 милиони евра кои Реал му ги плати на Манчестер Јунајтед пред 14 години, беа нешто невидено до тогаш во фудбалот. По само неколку години се подмести границата над 100 па следуваа трансферите на Бејл во Реал за 101 милион, па на Погба во Манчестер Јунајтед за 105 милиони. Во 2017-та арапските пари од Катар скроз го изместија пазарот со ненормални 222 милиони евра кои ги платија за Нејмар. Парите во Барселона не се уплатени директно од ПСЖ, туку преку чек од Националната банка на Катар.

19 декември 2024 - 11:32