Таг: златен медал

А од државата за златен медал еве ти зејтин, прашак, тиква и колбасици

Во последните неколку часа вирална стана фотографијата на која се гледа наградата која што еден кубански златен боксер ја добил од властите.

Србија е олимписки шампион во ватерполо, одбрането златото од Рио

Ватерполистите на Србија во големото финале на ЛОИ 2020 во Токио ја совладаа Грција со 13:10 (6:3, 4:2, 2:2, 3:1) и заслужено го одбранија тронот.

Бразил игра олимписка самба, златен медал по триумфот против Шпанија

Во фантастично фудбалско финале на Олимписките Игри, одиграно во Јокохама, Бразил поведе со голот на Куња во 45+2' но Шпанија во 61' минута израмни па мечот се реши во продолженијата.

Освои ново олимписко злато, нејзините во 2016 добиле струја во селото да ја гледаат на телевизија

Можеби најубава приказна од овие Олимписки Игри во Токио е онаа на Фејт Кипјегон од Кенија. Таа со нов рекорд го освои златниот медал во трката на 1.500 метри и го одбрани златото освоено на претходните ЛОИ во Рио.

Америка ја урна Франција за 4-то Олимписко злато по ред

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија олимпиското злато со триумф над селекцијата која им го нанесе првиот пораз на стартот од турнирот.

Неверојатниот скок на 14-годишна Кинеска која ги запрепасти сите и освои злато

Кинеската тинејџерка Цјан Хонгчан која се натпреварува во скокови во вода, во четвртокот освои златен медал по епски скок во турнирот 10 метри платформа.

Првиот крал на спринтот после Болт - Италијанецот со не баш италијанско име и презиме

Апсолутно никој пред големата трка на 100 метри не беше спремен да се клади дека непознатиот Италијанец ќе го освои златниот медал и ќе го наследи големиот Јамајчанец.

Норвежанецот Вархолм брз како ветар - поставен нов светски рекорд

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм го урна личниот светски рекорд во тешката дисциплина 400 метри со препони на Олимписките Игри во Токио и тоа со чудесно време кое тешко некој скоро да го истрча.

Несекојдневна сцена на Олимпијада: двајца лидери поделија злато

Катарецот Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери освоија златни медали во скок во вис на Олимписките Игри во Токио, што е првпат во историјата на Олимпијада во оваа дисциплина.

Делириум во Рим, Милано, Неапол, па дури и во Глазгов и Австралија - како славеа Италијанците

Неколку дена Англија на „тивок оган“ ја крчкаше прославата на историска победа на Европско првенство и тоа домашно, но празникот се славеше на друго место.

Од каде потекна тоа спортистите да ги гризат освоените медали?

Спортистите тврдат дека тоа не го прават самоиницијативно, туку дека им сугерираат фотографите за кадарот да биде овековечен и поинтересен.Ама некои кршеле заби од медалите.

Американци го исмеваа ракометот како глуп спорт, Дончиќ и Карабатиќ им одговорија

Во емисијата Highly Questionable која оди на ЕСПН, водителите и гостите се исмеваа со ракометот и викаа дека Леброн и уште двајца поранешни НФЛ играчи би се прошетале до златен медал во ракомет.

Ричарлисон ѝ го посвети голот на баба му, ама заборави како се вика

Напаѓачот на Евертон важи за еден од подобрите бразилски фудбалери на денешницата. Поседува страшна техника, експлозивност, одличен дриблинг. На Копа Америка го пропушти четвртфиналето против Парагвај поради заушки, но брзо се врати во составот.

Линдзи Вон, убавата шампионка на скии ја заврши кариерата

Легендата на алпското скијање пред неколку недели призна дека се предава во борбата со честите повреди: „Срцето и разумот ми говорат дека можам да настапувам уште, но телото се противи“.

Црномурниот јунак кој постави рекорд и освои злато пред очите на Хитлер

Филмот Molly’s Game (2017) во кој има интересен дијалог за атлетичарот Џеси Овенс ја инспирираше светската јавност да се потсети на легендарниот Американец кој во многу опасно време станал главен херој на берлинската Олимпијада во 1936 година.

Белорусинката која раскрвавена освои злато во маратон на Европско

Додека читавме како македонската претставничка на трка од Европското во атлетика заврши убедливо последна, па уште и позираше со гест „двоглав орел“ кој знаеме што означува, Белорусинката Мазуренок направи надчовечки подвиг до златото.

Приказната за еден олимписки медал

Германски кревач на тегови и ветува на својата сопруга дека ќе освои златен медал на Олимпијада. Сопругата загинува во сообраќајка една година пред Олимпијадата во Пекинг. За да го оствари ветувањето, во олимпиското финале тој треба да крене 10 килограми повеќе од сопствениот личен рекорд.

Иранските спортисти ги продале медалите за помош после земјотресот

Вечерта на 12. октомври на границата меѓу Иран и Ирак згрмел страшно разорен земјотрес во кој настрадаа повеќе од 500 луѓе а околу 8.000 биле повредени. Иранските спортисти реагираа на трагедијата и собирале средства за помош на луѓето.

Последната сезона за Болт, остануваат уште 4 трки

По Франческо Тоти во фудбалот, Коби Брајант во кошарката, сега уште еден легендарен спортист ќе ги закачи патиките на клин и ќе се збогува од активното трчање.

Најемотивниот олимписки медал за спортот во Канада

Александар Билодо е канадски скијач кој во кариерата се мотивирал на разни начини да го оствари својот сон, но за да стигне до него имал само една инспирација, а тоа е неговиот брат на кој му го посвети моментот на кариерата.

Олимписки и светски шампион во пливање стана ракометар

Успесите од базенот ќе се обиде да ги преслика на паркетот во салите, а викендов го имаше и професионалното деби во спортот кој како мал најмногу го сакал.

Првиот златен медал во Рио оди кај Зимбабве

Фудбалскиот турнир во женска конкуренција стартуваше пред официјалниот старт на Олимписките игри. Една од четирите средби беше дуелот меѓу Германија и Зимбабве. Една репрезентативка веќе се искачи на пиадесталот.

Ти честитаат за златен медал, а ти појма немаш

Шпанецот Бруно Хартелано завршил втор на трката на 200 метри на Европското атлетско првенство во Амстердам. Првиот го дисквалификувале и информацијата дека е шампион ја добива од новинарка.