Дваесет и пет годишниот Флоран Маноду, познат по својот ексцентричен карактер го смени базенот за ракомет.
Маноду е еден од најуспешните светски пливачи во историјата: Олимписки шампион од Лондон и сребрен медал од Рио на 50 метри слободен стил.
Во базенот двометрашот освои сè - Олимпијада, четири злата на Светско првенство и решил да најде нов предизвик. Во детството, пред да почне да плива, Флоран сериозно се занимавал со ракомет и на крајот решил професионално да го игра.
Уште во септември Маноду бил на проба во ракометната екипа на Универзитетот Екс ан Прованс која што настапува во најдобрата лига на Франција. По пробните тренинзи, олимпискиот шампион го регистрирале за втората екипа која што се натпреварува во 4-та лига, но тој не се откажувал.
После неколку месеци настапи и тренинзи за Б тимот, Маноду викендов дебитираше на официјален меч од францускиот шампионат.
Со бројот 50 на дресот, Маноду одигра 7 минути, немаше голем удел во конечниот резултат (32:32), а по дебито во новиот спорт дал неколку интервјуа.
„Секогаш имав една цел - да најдам друг извор на задоволство. Не секогаш ги разбирам соиграчите, се движам понекогаш бавно и неспретно додавам, но спремен сум да продолжам. Ако никој нема ништо против“, изјавил Маноду после мечот.
Интересно е што и покрај новото хоби, Флоран нема намера да го напушти пливањето. Ќе видиме како ќе му оди.