Доделени се сите медали на Олимписките игри во Лондон. Во големите финалиња на екипните спортови, „Дрим-тимот" од САД уште еднаш ја потврди кошаркарската доминација, Французите си ја одбранија титулата во ракомет, Хрватска стигна до првото злато во ватерполо, а Русија со голем пресврт стана олимписки шампион во одбојка.