Таг: ои лондон 2012

Дали шарените ленти стварно помагаат?

Дилемата околу Кинесио лентите е дали навистина им помагаат на спортистите или само добро изгледаат на веќе набилданите тела?

Болт и пријателите ја менуваат атлетската историја

Штафетата на САД трката на 4х100 метри ја заврши со време еднакво на актуелниот светски рекорд, но за нивна несреќа, на соседната патека трчаа Јамајканците. Болт и пријателите успеаја да ја истрчаат најбрзата трка во историјата и да ја симнат границата под 37 секунди.

Мексиканците го изненадија Бразил

Репрезентативците на Бразил веќе се подготвуваа за прослава на првиот олимписки златен медал, но Мексиканците приредија огромна сензација и станаа олимписки шампиони совладувајќи го најголемиот фаворит со 2:1.

Американките урнаа рекорд стар 27 години

Американската штафета на трката на 4х100 метри го собори светскиот рекорд кој го имаа поставено атлетичарките од Источна Германија уште во 1985-та година. На 14-от натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа поставени и два нови олимписки рекорди.

Летечкиот Холанѓанец

Пред 40 години ја имавме Олга Корбут, а на Олимписките игри во Лондон го имаме Епке Зондерланд. Нема потреба да напоменеме дека освои златен медал.

Која е тајната на Јамајка?

Како е можно земја со помалку од три милиони жители во која има само пет атлетски патеки да ги произведува најдобрите спринтери на светот? Која е тајната зад успехот на Јамајка?

Пара-адвертајзинг

Напнати од драконски строгите правила за рекламирање наметнати од МОК, британски веб сајт започна "Fauxolympics" конкурс за најдобра не одобрена реклама на Олимпијадата.

Хет-трик за Јамајка и историја за Болт

Ниту еден спринтер во историјата на Олимписките игри ги нема одбрането златните медали на 100 и 200 метри. Тоа му успеа на најбрзиот човек на денешницата, Усеин Болт.

Девојката со цветот

Алисија Монтано ја истрча вчерашната квалификациска трка на 800 метри со цвет во косата. Не и е прв пат, односно така трча на секое натпреварување, а има и причина за тоа.

Моќта на една стотинка

За една стотинка светлосен зрак патува 3.000 километри, гепард се придвижува 20 сантиметри, Земјата се врти пет метри околу својата оска, Усеин Болт поминува 10 сантиметри, а многу спортисти за тој еден стотти дел од секундата ги губат своите медали.

3 х Олимписки

Три вести од Лондон кои немаат директна врска со медалите, ама имаат врска со цвекло, немање насмевка и специјалистите за бришење под.

Блејк под истрага за часовникот од 500.000 долари

Јамајканецот Јоан Блејк го привлече вниманието на јавноста откако стана сериозна закана на спринтерските патеки за неговиот сонародник, Усеин Болт, но тој го привлече и вниманието на Меѓународниот олимписки комитет за часовникот со кој трча.

Бруталниот Батум

Шпанија се пласираше во полуфиналето од кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Лондон со победата над Франција од 66:59, а наервозниот Николас Батум не можејќи да го поднесе поразот во финишот од натпреварот му зададе удар на Наваро и тоа на многу незгодно место.

Американците главни во атлетика

На 12-от ден од Олимписките игри во Лондон беа распределени медалите во 16 дисциплини, а четири од нив во атлетика и тоа три златни за Американците. Тие до сега само во атлетските дисциплини имаат освоено 16 медали.

Колку чини златeн медал

Со минимум 6 грама злато и големо парче сребро, златeн медал e околу 450 фунти. Ама не беше тоа прашањето.

Лондон 1948 - Лондон 2012

Британската престолнина е првиот град кој бил домаќин на три Олимпијади (1908, 1948 и 2012). Да погледеме колку Олимписките игри се промениле од последниот пат кога Лондон бил домаќин пред 64 години.

Кој победи?

Победникот на велосипедска трка од женскиот спринт на велодромот во Лондон беше решен со фото-финиш и разлика од само еден илјадити дел од секунда.

Издржа 196кг на глава

Натпреварување во дигање тегови на Олимписките игри во Лондон можеше да заврши фатално за Германецот Матијас Штајнер.

Се сеќавате на пијаниот Русин?

Иван Ухов пред четири години стана хит на интернет со видеото од неговиот „настап" на атлетскиот митинг во Лозана. Е баш тој денес стана олимписки шампион откако прескокна 2,38 метри во дисциплината скок во височина на Олимписките игри во Лондон.

Нов олимписки рекорд на Пирсон

На 11-от ден од Олимписките игри во Лондон беа распределени медалите во 21 дисциплина во 11 различни спортови. Австралијката Сали Пирсон го собори олимпискиот рекорд на 100 метри со пречки.

Бразил-Мексико во финалето на фудбалскиот турнир

Фудбалската репрезентација на Бразил во финалето против Мексико на фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон ќе има шанси да го освои првото олимписко злато во историјата на својата земја.

Најолимпискиот момент на Олимпијадата

Лиу Ксијанг е кинескиот атлетичар што во 2004-та го освои златото на 110-метри со пречки. Од тогаш имаше проблеми со Ахиловата тетива, заради што и ја пропушти Олимпидата во Пекинг. Како и да е, тој се квалификуваше за Лондон, каде повторно ќе настапи во спортот во кој некогаш владееше.

Натпросечни и потпросечни олимпијци

Просечен натпреварувач на Олимписките игри во Лондон има 26 години, тежи 73 килограми и е висок 177 сантиметри. Но кои се спортистите кои бегаат далеку од просекот?