Алисија пораснала играјќи разни спортови против сите машки од нејзиното маало, но таа отсекогаш сакала да се разликува од нив. Затоа, таа решила да носи цвет во својата коса за да им стави до знаење на момчињата дека ги победува едно девојче.
„Секогаш мене ме избираа прва кога игравме рагби или кошарка, а јас си ставав цвет во косата за да знаат дека сум девојче", изјави Монтано.
Цветот остана нејзин заштитен знак и таа продолжи да го носи и покрај тоа што веќе не се натпреварува против момчињата од нејзиното маало. Алисија за Олимписките игри во Лондон се одлучи за црвен цвет кој и одговара со униформата на САД.
На првите квалификации на трката на 800 метри таа беше најбрза со време 2:00.47 минути. Вечерва таа повторно ќе трча во полуфиналето, а финалната трка е закажана за сабота.