Таг: ои лондон 2012

Дисциплина: кршење кичма

Стефан Фек заврши на последното место во квалификациите на три-метарска скокалница на Олимписките игри во Лондон, но доби нешто што ни првопласираниот го нема - слава. Дечкото стана најпознат скокач на интернет.

Позитивен на допинг тест заради колачиња

Американскиот Џудист, Ник Делпополо кој е роден во Белград како Петар Перовиќ, е исфрлен од Олимписките игри во Лондон откако неговиот допинг тест бил позитивен на канабис, но тој тврди дека без негово знаење изел колачиња со марихуана кои му ги подготвила негова роднина.

Ден без рекорди на Олимписките игри

На десеттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа распределени медалите во 18 дисциплини во осум спортови, но за прв пат од почетокот на Олимпијадата не беше срушен ниту еден светски ниту олимписки рекорд.

Болт од лего

Го видовме фантастичниот триумф на Болт со видео и слики од сите можни агли, па остана уште да ја видиме и симулацијата на трката со лего коцки.

Кој рече дека одењето е лесно?

Олимпискиот шампион во брзо одење, Русинот Валериј Борхин не успеа да си го одбрани златото откако се струполи на два километри од целта.

Ексклузивност на виделина

На стотиците милиони долари потрошени на Олимписки спонзорства, потрошувачите пак не можат да погодат кој е спонзор на Олимпијадата, и кога погаѓаат најчесто го бираат најголемиот ривал.

А да беше вака и во Лондон?

Пред почетокот на Олимписките игри посакавме да има повеќе вакви настани и во Лондон, ама за среќа на спортистите не се исполни нашата желба. Еве го и второто продолжение од смешните „олимпијци".

Ефремов: Во Рио со олимписка норма

Единствениот македонски олимпиец кој не потфрли и го даде својот максимум на Олимписките игри во Лондон, атлетичарот Кристиан Ефремов најавува уште подобри резултати и пласман помеѓу најдобрите 16 на следните Олимписки игри во Рио 2016.

Кралот Болт остана на тронот со нов олимписки рекорд

Најбрзиот човек на денешницата уште еднаш докажа дека му нема рамен. Усеин Болт го освои четвртото олимписко злато со истрчани 9.63 секунди на 100 метри со што го сруши и олимпискиот рекорд.

Олимпиското злато за Енди Мареј

Британецот Енди Мареј успеа да му се реваншира на Роџер Федерер за поразот на финалето од Вимблдон и го освои златниот медал на тенискиот турнит од Олимписките игри во Лондон.

Гелана победник на женскиот маратон

Тики Гелана од Етиопија го освои златото на женскиот маратон на Олимписките игри во Лондон со време за нов олимписки рекорд.

Фелпс се збогуваше со уште едно злато

На последната трка на за него последната Олимпијада во кариерата, најтрофејниот олимпиец на сите времиња го освои 22. медал. На осмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа срушени пет светски рекорди.

Колинс суспендиран заради спиење со сопругата

Поранешниот светски шампион на 100 метри е исфрлен од репрезентацијата на Сент Китс и Невис заради недисциплина, односно затоа што за време на Олимписките игри поминал една ноќ со својата сопруга.

Медали за 4-то

Постигнувајќи сосема ново ниво на домаќинлук на Олимписките игри, еден Британец од незгодно спрема спортистите почна да дели медали за четврто место.

Серена ја збриша Шарапова

Американката Серена Вилијамс стигна до олимпиското злато по само 63 минути игра и со еден загубен гејм од Марија Шарапова.

Ефремов со нов личен рекорд во Лондон

Конечно еден македонски спортист кој не разочара во Лондон. На осмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри настапи и атлетичарот Кристиан Ефремов кој на трката на 400 метри постави нов личен рекорд.

Поделени првите медали во „кралицата на спортовите“

На осмиот натпреварувачки ден од Олимписките игри во Лондон започнаа и натпреварите во атлетика, а веќе се доделени и два медали. Мајкл Фелпс освои уште едно злато, 17-годишната Миси Френклин собори светски рекорд, а злато освои и 15-годишната Кејти Ледецки.

Федерер против Мареј за прво олимписко злато

Швајцарецот Роџер Федерер во реприза од финалето на Вимблдон против Енди Мареј ќе се обиде својата колекција на трофеи да ја збогати со единственото нешто што му недостасува во неговата кариера - златен медал од Олимписки игри.

Пред златото

16 годишната Кинескиња Је Шивен, која имаше подобро време на 400 метри мешано и од победникот кај мажите, како ретко кој се има подготвувано за Олимпијадата. Уште од 6 години.

Потфрли и атлетичарката Ристеска

На седмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата единствена атлетичарка, Христина Ристеска која исто како и пливачите, не успеа да истрча ниту приближно на нејзиниот личен рекорд.

Топлес напад и на Олимпијадата во Лондон

Активистките од организацијата „Фемен" не ги поштедија ниту Олимписките игри во Лондон. Тие побараа од Меѓународниот олимписки комитет да ја прекине соработката со исламските земјите кои спроведуваат шеријатски закони.

Каде се јаде во Лондон за 70 илјади долари?

Колкава е најголемата сметка што со друштво сте ја направиле во кафана? Чекајте сега да ја видите наводната сметка од вечерата на 15 високи функционери на организаторот на Олимпијадата.

И бразилските одбојкарки го владеат фудбалот

Сите Бразилци знаат да играат фудбал. Па дури и женските одбојкарки. Доказ за тоа е Фабијана Оливеира и овој неверојатен потег при поразот на Бразил од Јужна Кореја.

Дрим тимот немилосрден со Нигерија

Најефикасен натпревар во Олимписката историја, најмногу постигнати поени на натпревар, највисока победа, најмногу тројки... тоа се само дел од рекордите кои кошаркарите на САД ги срушија при победата од 156:73 над Нигерија.