Потфрли и атлетичарката Ристеска

На седмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата единствена атлетичарка, Христина Ристеска која исто како и пливачите, не успеа да истрча ниту приближно на нејзиниот личен рекорд.

Ристеска имаше трето најслабо пријавено време од 51 атлетичарки кои требаше да се појават на стартот на трката на 400 метри и заврши убедливо последна во четвртата квалификациска група. Таа патеката ја истрча со време 1.00.86

Истрчаното време од една минута и 86 стотинки е за три секунди послабо од нејзиниот најдобар резултат кој изнесува 57.87 секунди, а недостижниот македонски рекорд на Елизабета Божиновска кој датира уште од 1983-та година изнесува 53.77 секунди. Светскиот рекорд го држи Маргарите Кох која во 1985-та година истрча 47.60 секунди.

Севкупно, Христина Ристеска заврши на 43-та позиција од 45 атлетичарки кои ја заврши трката. Зад неа останаа само Зоура од Џибути и Замзам од Сомалија.

3 август 2012 - 13:30