Четири активистки на организацијата „Фемен" беа уапсени во центарот на Лондон заради нивниот топлес протест против соработката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со исламските земји во кои се спроведува шеријатот. Според нив, оваа соработка е против олимписките принципи.
„Фемен бара исклучување од Олимписките игри на земјите во кои се спроведува шеријатскиот закон заради нехуманоста која се противи на олимписките принципи за мир. Ако МОК продолжи да соработува со радикалните исламисти, тогаш каменувањето и брзинско силување ќе станат нови олимписки дисциплини" се вели во соопштението на Фемен.
Феминистичката организација е основана во Киев во 2008-та година и тие се прославија со своите топлес протести. Минатата недела тие го нападнаа патријархот на руската православна црква, а за време на Европското првенство во Полска и Украина на неколку наврати го напаѓаа трофејот.