
По нападите во Киев и Дњепропетровск, топлес активистка од организацијата „Фемен" вчера го нападна трофејот и во градот Лвив.
Како и на претходните напади, девојката на своето тело имаше напишано "FUCK EURO" и се обиде да го бутне пехарот, но обезбедувањето сега реагираше побргу од неа.
Организацијата „Фемен" протестира против Европското првенство кое ќе се одржи во Полска и Украина затоа што според нив првенството ќе придонесе за зголемување на проституцијата во нивната земја.