Одлуката на УЕФА за Европското фудбалско првенство за 7 години да се одржи во 13 земји, покренува многу праша околу организацијата. Светските медиуми дури и се сомневаат дека сето ова го наложил Мишел Платини од лични причини.
Европското првенство во Полска и Украина веќе одамна заврши, па аналитичарите имаа време да ги сумираат статистиките и да заклучат нешто што одамна го знаеме - подобриот не победува секогаш.
Што е најлошо што може да се случи за фрижидер со 500 пива да останае празен за помалку од 3 минути? Спортски новинари на европско првенство во фудбал. На оние снимкине на вести од Сомалија кога носат пченица од УСАИД, има повеќе ред и трпение отколку тука.
Три голови што ги прими Италија и многу случувања пред тоа. Нешто од тренинзи, нешто од загревање за натпревар, нешто од плоштади, нешто од трибини, се од Еуро 2012.
Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.
Шпанците доминираат и во тимот од најдобрите 23 фудбалери, а за најдобар играч на Европското првенство во Полска и Украина, техничкиот тим на УЕФА го прогласи шампионот Андрес Иниеста.
На патот кон европската титула, репрезентацијата на Шпанија освен што прими само еден гол на цело првенство и во финалето ја демолираше Италија со 4:0, тие израмнија и срушија уште неколку рекорди од фудбалската историја.
Човекот кој ја одигра својата најслаба сезона во кариерата во дресот на Челси, покрај трофеите од Европското првенство и Лигата на шампиони, ја освои и наградата за најдобар стрелец на ЕУРО 2012.
Во борба за европската титула, актуелниот шампион беше немилосрден со Италија и победи со високи 4:0. Шпанија е првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010 и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.
Дојде денот кој го чекавме четири години. На финалето на ЕУРО 2012, Италија ќе се обиде да ја спречи Шпанија да стане првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010, но и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.
Една мелодија ги освои срцата на сите фудбалски навивачи од целиот свет до толку што организаторите на Европското првенство во Полска и Украина решија да ја пуштаат по секој постигнат гол. Како Seven nation army на White Stripes стана фудбалска химна?
Пред почетокот на Европското првенство, репрезентациите на Германија и Шпанија беа прогласени за најголеми фаворити според кладилниците, а и покрај одличното издание на Италија во полуфиналето, Шпанците останаа фаворити и за финалето.
"GIGANTI D'ITALITA" осамна на една од насловните во италијанските весници, додека во Германија најчесто употребуван збор во извештајите од полуфиналниот натпревар против Италија е зборот „кошмар".
Продолжува италијанскиот кошмар за најголемиот фаворит. Репрезентацијата на Италија повторно беше поуспешна од Германија и со двата гола на Марио Балотели се избори за финале против Шпанија на Европското првенство во Полска и Украина.
Во епската битка за финалето на Европското првенство, Германија вечерва ќе се обиде да го разбие најголемото „проклетство" во интернационалниот фудбал. Германците никогаш ја немаат победено Италија на официјален натпревар.
Не му беше денот на Роналдо. Кутриот се изнапромашува цел натпревар, а на крајот не стигна ни да шутира пенал. Сепак ќе се запамети и по еден добар потег.