Рикардо Монтоливо е израснат во близната на Бергамо, но неговата мајка е родена во Германија. Тој секое лето се до неговата 15-та година го поминувал во оваа земја и на своите копачки го носи германското знаме.
„Такви копачки носам откако ја започнав кариерата и сега нема да ги менувам. Ова дефинитивно е посебен натпревар за мене. Не можам да ги кријам моите корени. Јас сум делумно Германец. Секое лето до 15-та година го поминав во Германија и се уште сум во контакт со моите пријатели од таму. Но јас сум роден и израснав во Италија и сум 99% Италијанец", изјави Монтоливо.
Тој течно го говори германскиот јазик и е омилена мета на германските новинари. Запрашан за тоа кој дел од неговите карактеристики се германски, тој одговори „ладнокрвноста на теренот и надвор од него, освен пеналот против Англија".