Шпанија против Италија и традицијата

Дојде денот кој го чекавме четири години. На финалето на ЕУРО 2012, Италија ќе се обиде да ја спречи Шпанија да стане првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010, но и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

- Ова ќе биде 31 дуел помеѓу Италија и Шпанија. Италија победила 10 пати, Шпанија осум, а 12 натпревари завршиле без победник.

- Италија нема пораз од Шпанија на големо првенство. Тие славеле три пати, а четири натпревари завршиле нерешено. Сепак Шпанија беше поуспешна на нивниот последен дуел кога во четвртфиналето на ЕУРО 2008 по 0:0 по 120 минути, тие победија на пенали со 4:2.

- Чезаре Прандели ја предводел Италија на два натпревари против Шпанија и нема пораз. Италија победи со 2:1 на пријателскиот натпревар во август 2011, а на почетокот на ЕУРО 2012 тие одиграа 1:1.

- Италија и Шпанија упатиле најмногу удари кон противнички гол на ЕУРО 2012. Италија 99, а Шпанија 86.

Шпанија:
- Репрезентацијата на Шпанија има шанса да биде првата која ја одбранила европската титула. Најблиску до ваков успех беа Советскиот Сојуз во 1964-та и Западна Германија во 1976-та, но овие репрезентации беа поразени во финалињата.

- Шпанија е непоразена на последните 19 официјални натпревари по поразот од Швајцарија на СП 2010.

- Со само еден примен гол, шпанската репрезентација ја има најдобрата одбрана на ЕУРО 2012.

- Шпанија нема примено гол цели 900 минути на натпревари од нокаут фазата на големите првенства.

- Дури петмина Шпанци (Чави, Чаби Алонсо, Серхио Бускетс, Андрес Иниеста и Серхио Рамос) имаат остварено повеќе додавања од најдобриот додавач во репрезентацијата на Италија, Андреа Пирло.

- Шпанија на ЕУРО 2012 дозволи само 12 удари во рамките на нивниот гол, а шест од нив беа токму на натпреварот од групната фаза против Италија.

Италија:
- Ова ќе биде деветто финале за Италија на големо натпреварување (три на Европско и шест на Светско првенство), од кои освоиле пет.

- Италија е единствената репрезентација на ЕУРО 2012 што не дозволила противникот да биде во водство.

- Репрезентативците на Италија заработија најмногу картони на ЕУРО 2012 - 15. Шпанците добија 10.

- Италија е непоразена на 15 официјални натпревари под водство на Чезаре Прандели (10 победи и пет нерешени).

- Марио Балотели има упатено 10 удари во рамките на противничкиот гол - најмногу на ЕУРО 2012.

1 јули 2012 - 10:17