Таг: eуро 2012

Шпанија преку пенали до финале на ЕУРО 2012

Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат во историјата се пласираше во финале на Европското првенство откако по 120 минути без голови, актуелните европски шампиони беа поуспешни од Португалија по изведување на пенали.

Еве зошто Коентрао доби жолт картон

Моментот кој не беше регистриран на ТВ преносот, но не остана незабележан од камерите. Превод не е потребен.

Португалија го знае лекот за Шпанците

Репрезентацијата на Португалија е последната која ја има победено Шпанија на едно големо натпреварување, а пред две години им го нанесоа и најтешкиот пораз во последниве педесетина години.

Соиграчите му вратија на Балотели

По сите „закачки" на Балотели, дојде време за одмазда. Сограчите го начекаа и убаво му наплатија со чврги.

Тетовирано ЕУРО 2012

Фудбалските ѕвезди го искористија Европското првенство и за промоција на нивните тетоважи.

Англичаните не ги бива за пенали

Елиминацијата на Англија на Европското првенство по изведување на пенали не е никакво изненадување познавајќи ја нивната историја од последните дваесетина години кога само еднаш од седум обиди тие беа поуспешни по изведувањето на ударите од белата точка.

Нешто е труло во репрезентацијата на Холандија

Атмосферата во репрезентацијата на Холандија била нарушена уште пред почетокот на Европското првенство, а неколку фудбалери биле пресреќни кога нивниот соиграч Робен го промашил пеналот во финалето на Лигата на шампиони.

Паненката на Пирло

Џо Харт учел од Youtube за пеналите на Италија, но најверојатно кога барал за Пирло добил порака "This video is not available in your country". 

Италија поуспешна од Англија по пенал-драмата

Репрезентацијата на Италија е последниот полуфиналист откако по изведување на пенали беше поуспешна од Англија по еден од поинтересните, но и единствен натпревар на Европското првенство кој заврши без голови.

Бензема му конкурира на Рамос

Најверојатно Карим Бензема и Серхио Рамос имале кладба, па Французинот се обиде да шутне полошо од неговиот клупски колега.

Чаби Алонсо го разби француското проклетство

Репрезентацијата на Шпанија со двата гола на славеникот Чаби Алонсо за прв пат ја победи Франција по шест натпревари на големо натпреварување и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство каде ќе се сретне со Португалија.

Германија ги скроти Грците

Втор патник помеѓу најдобрите четири на Европското првенство во Полска и Украина е репрезенацијата на Германија откако очекувано ја надигра Грција и славеше со 4:2 и во полуфиналето го чека подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Англија и Италија.

Летниот распуст на Балотели

Има толку многу материјал што слободно можеме да отвориме еден нов сајт само за него. Марио Балотели како да не е на Европско првенство, туку како да е отиден на летен одмор во Отешево со другарчињата од основно. Да видиме како со фотографии тој би одговорил кога наставничката во школо ќе им даде писмена со тема „Како го поминав летниот распуст".

Роналдо за полуфинале на Португалија

Репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист на Европското првенство во Полска и Украина откако во четвртфиналето минимално славеше против Чешка со погодокот на Кристијано Роналдо.

Најдобрите и најлошите на ЕУРО 2012

Британскиот весник Гардијан ги состави идеалниот, но и најлошиот тим во досегашната фаза од Европското првенство врз основа на оценките кои фудбалерите ги добиваа од читателите.

Шпански тренинг во грчки стил

Шпанците применија грчка тактика на тренинг - гушкање и држење за рака.

Чесите сонуваат повторување на 1996

Продолжуваат натпреварите на Европското првенство. Вечерва ќе се одигра првиот четврт-финален дуел на кој Чешка и Португалија ќе се борат за првиот билет за полу-финалето на ЕУРО 2012.

Најдобрите елиминирани 11

Осум репрезентации веќе го напуштија Европското првенство и покрај тоа што некои од нив имаа импресивни настапи. Порталот Goal.com го состави идеалниот тим од елиминирани фудбалери на ЕУРО 2012.

На животните одлично им оди со Еуро 2012

Да уплаќаа сингл во кладилница на Германија, 4 од животинчињата што предвидуваат резултати на Еуро 2012, до сега ќе земеа пари за секој од 3-те натпревари на германската репрезентација.

Германија најголем фаворит за титулата

Пред почетокот на Европското првенство, кладилниците им даваа најголеми шанси на Германија и Шпанија, но по прикажаната игра по групната фаза, сега Германија се издвои како најголем фаворите за освојување на титулата.