Од 11 пријавени наследници на октоподот Пол, едно прасе, слон и две видри точно ги погодиле сите 3 меча. Исто успеал да направи и еден булдог, ама според Шпигел тој имал помош од неговите сопственици.
Од останатите животни, четири успеале да погодат 2 од 3-те натпревари (алапака, две ласици и коза), додека двете желки и кравата, не погодиле ниту еден натпревар.
Октоподот Пол на Мундијалот 2010-та, ги погоди резултатите на 7 натпревари на Германија, плус резултатот од финалето меѓу Холандија и Шпанија.