Доколку пред почетокот на Европското првенство вложевте 100 денари на репрезентациите на Германија или Шпанија, потенцијлната добивка по нивно евентуално освојување на титулата ќе ви изнесуваше 380 денари.
Но по одигрувањето на натпреварите од групната фаза, сега според кладилниците, Германија се издвои како најголем фаворит за освојување на титулата. Коефициентот за нивната победа падна од 3,8 на 3 (за вложени 100 денари добивате 300).
Шпанија во четврт-финалето се среќава Франција чија репрезентација никогаш до сега ја нема победено на едно големо натпреварување, но сепак Шпанците се втори фаворити и коефициентот за нивни триумф на првенството изнесува 3,4.
Зад нив се Португалија со коефициент 8, Италија со 8,5, коефициентот на Англија е 9, а на Франција коефициентот изнесува 12.
Како што и се очекуваше, најмали шанси за освојување на ЕУРО 2012 имаат Чешка и Грција за кого кладилницата bwin нуди коефициент 41.
Пред почетокот на првенството коефициентот за финале Германија-Шпанија изнесуваше 8, а сега падна на 2,75. Коефициентот за финале Германија-Португалија изнесува 6, Германија-Франција 8,5, а Шпанија-Италија 9.
Марио Гомез беше фаворит за освојување на титулата за најдобар стрелец и пред почетокот на првенството, а сега тој со три погодоци е водечки стрелец помеѓу се уште активните на првенството, па коефициентот за него од 8 падна на 2. Зад него се Кристијано Роналдо со 5, Фернандо Торес со 7 и Сеск Фабрегас со 15. Тие до сега имаат постигнато по два погодоци.