Англија - Германија, Светско првенство 1990
Репрезентацијата на Англија имаше среќа на Светското првенство 1990 во Италија се до полуфиналето кога наидоа на Западна Германија. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултатот 1:1, а во четвртата и петата серија од изведувањето на пенали промашија Стјуарт Пирс и Крис Водл.
Англија - Германија, Европско првенство 1996
Домаќинот на Европското првенство во четвртфиналето успеа да ја елиминира Шпанија по изведување на пенали во четвртфиналето, но во полуфиналето повторно наидоа на Германија. Англија ги погоди првите пет пенали и тогаш на ред дојде Герет Саутгејт. Германија ги погоди сите шест и го елиминираше домаќинот.
Англија - Аргентина, Светско првенство 1998
Англија и Аргентина одиграа одличен натпревар во првото коло од нокаут фазата на Светското првенство во Франција 1998. Дејвид Бекам заработи црвен картон, а натпреварот заврши со резултатот 2:2 и патникот во четвртфиналето беше одлучен по пенали. Ернан Креспо промаши за Аргентина, но за Англија не погодија Пол Инс и Дејвид Бати.
Англија - Португалија, Европско првенство 2004
По регуларниот дел натпреварот заврши 1:1, а Португалија не го искористи тогашното правило за сребрен гол откако поведе преку Руи Коста затоа што Лампард израмни пет минути подоцна и по продолженијата резултатот гласеше 2:2. Дејвид Бекам за малку ќе беше трагичарот на Англија, но промаши и Руи Коста. Дури во седмата серија за Англија промаши Дариус Васел и домаќинот се квалификуваше во полуфиналето.
Англија - Португалија, Светско првенство 2006
Вејн Руни заработи црвен картон на овој натпревар и Англија се мачеше па на крајот Португалија се избори за 0:0 и пенали. Тоа беше едно од најлошите изведување на пенали за Англија. Погоди само Харгривс, а промашија Лампард, Џерард и Карагер по што победникот го реши Кристијано Роналдо.
Англија - Италија, Европско првенство 2012
Италија ја имаше доминацијата, а Англија одигра слабо во второто полувреме и продолженијата и се избори за пенали. Англичаните беа во водство откако промаши Монтоливо, но потоа на сцената стапија двајца Ешлиевци. Јанг и Кол беа неуспешни, а на спротивната страна погодија Пирло, Ночерино и Дијаманти.