Најдобрите и најлошите на ЕУРО 2012

Британскиот весник Гардијан ги состави идеалниот, но и најлошиот тим во досегашната фаза од Европското првенство врз основа на оценките кои фудбалерите ги добиваа од читателите.

Кристијано Роналдо ја доби највисоката оценка на еден натпревар - 8,8 за неговиот настап против Холандија, но тој сепак не се најде во идеалниот тим заради слабиот рејтинг на првите два натпревари.

Како што и се очекуваше, единствениот тим со максимален учинок, репрезентацијата на Германија има три свои претставници во идеалниот тим, а највисока просечна оценка има дефанзивецот Матс Хамелс.

Идеалниот тим го сочинуваат:
Мануел Ноер (ГЕР) 7,47
Теодор Гебре Селасие (ЧЕШ) 6,7
Матс Хамелс (ГЕР) 7,93
Даниел Агер (ДАН) 7,5
Фабио Коентрао (ПОР) 6,9
Давид Силва (ШПА) 7,0
Сами Кедира (ГЕР) 7,3
Андреа Пирло (ИТА) 7,2
Андрес Иниеста (ШПА) 7,67
Златан Ибрахимовиќ (ШВЕ) 7,4
Марио Манџуќиќ (ХРВ) 7,4

Изненадувачки или не, најлошиот тим е составен само од фудбалери на единствените две репрезентации кои забележаа по три порази. Во најлошиот тим има седум Ирци и четворица Холанѓани: Шеј Гивен, Грегори ван дер Вил, Ричард Дан, Шон Сент Леџер, Стефан Ворд, Арјен Робен, Најџел де Јонг, Глен Вилан, Еиден Мекгиди, Роби Кин и Робин ван Перси.

21 јуни 2012 - 13:45