На патот до четврт-финалето, Португалија успеа да се провлече низ „групата на смртта" откако по поразот од Германија, славеше против Данска и Холандија. И Чесите стартуваа со пораз, но бргу се опоравија од рускиот шок и со победите над Грција и домаќинот Полска, успеаја да изборат пласман во нокаут фазата.
Овие две репрезентации до сега се сретнале 11 пати и забележале по четири победи, а три натпревари завршиле нерешено.
Репрезентацијата на Португалија ја има улогата на фаворит во овој дуел, но Чесите не смеат да се потценат. Тие беа аутсајдери и на Европското првенство во 1996-та година, но во четврт-финалето ја елиминираа Португалија и стигнаа до финалето.
„Знам што не очекува. Против нас ги имаме Роналдо, Нани и други големи ѕвезди. Но ние дишеме како тим и веруваме во себе. Веруваме дека можеме да ја повториме 1996-та", изјави Петр Чех.
Победникот од овој дуел во полу-финалето ќе се сретне со подобриот од натпреварот помеѓу Шпанија и Франција.