Најдобрите елиминирани 11

Осум репрезентации веќе го напуштија Европското првенство и покрај тоа што некои од нив имаа импресивни настапи. Порталот Goal.com го состави идеалниот тим од елиминирани фудбалери на ЕУРО 2012.

На голот е данскиот голман Андерсен кој си го заслужи местото во овој тим со одличните одбрани при победата над Холандија, но и поразот од Германија.

Во одбраната се уште двајца репрезентативци на Данска, Агер и Јакобсен. Искусниот Швеѓанец Мелберг исто така заслужи место на централната дефанзивна позиција, а лево е Јури Жирков од Русија.

Дуото на Хрватска, Лука Модриќ и Иван Перишиќ се наоѓа во средниот ред, заедно со Русинот Алан Ѕагоев кој имаше одличен старт со три гола.

Во нападот е украинската легенда Шевченко, заедно со шведскиот капитен Златан Ибрахимовиќ и Данецот Никлас Бентнер.

21 јуни 2012 - 10:27