Португалија како домаќин на Европското првенство во 2004-та година минимално ја совлада Шпанија со голот на Нуно Гомеш. Овој пораз значеше и пакување на куферите уште по завршувањето на групната фаза, а воедно ова е и последниот нивни пораз на едно големо натпреварување.
Во 2008-та година започна нивната доминација. Шпанија го освои Европското првенство, а во 2010-та го освоија и Светското. Во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка тие го елиминираа соседите со 1:0, но Португалците се одмаздија по само три месеци.
Последниот меѓусебен дуел помеѓу Португалија и Шпанија се одигра во ноември 2010-та година. Светскиот шампион отпатува на пријателски натпревар во Лисабон, а се врати дома со спуштена глава.
Кристијано Роналдо ги надигра противниците и Португалија ја прегази Шпанија со 4:0, а за малку ќе пукнеше и петарда ако Нани не ја допреше топката по ударот на Роналдо.
Тоа беше и најтешкиот пораз на Шпанија од 1963-та година, а Португалците се надеваат дека вечерва можат повторно да го повторат тоа издание или пак барем она од 2004-та.