Некои немаат потреба да го напуштатат својот дом. Таквите уживаат во комфорот на растење во исто место, завршување школи во ист град, седење на стариот кауч, опкруженоста со исти луѓе.
На другиот крај на спектарот се оние кои ги викаме скитачи, акачи, чергари, трагачи по возбуди.. Оние кои не можат да се задржат на едно место, кои не фаќаат корења никаде од желба да видат што повеќе од светот, желба која никогаш докрај не можат да си ја исполнат, без разлика каде сè не биле.
И испаѓа дека за сево ова постои научно објаснување.
Во 1999-та публикувана е една студија која се занимава со мигрaциските патерни и генетските пулови на предисториските хуманоиди. Првично била барана врска меѓу допаминскиот рецептор D4 (DRD4) и пореметувањето на вниманието (Attention Deficit Disorder). Во текот на студијата била откриена друга чудна корелација. Луѓето со DRD4 гени се склони кон миграции и потрага по возбуди. И речиси сите (живи) учесници со вакви гени кои биле анализирани имале богата историја на патувања и селења.
Накратко, оние кои имаат DRD4 се генетски предиспонирани да мигрираат. И токму нивните генетски предци биле оние кои ги направиле клучните чекори во ширењето на цивилизацијата, излегувајќи од стара Месопотамија и ширејќи го човечкиот род во Европа, Азија, Африка и Америка.
И други студии ги потврдуваат ваквите наоди. Една во "National Geographics" вели:
"Ниеден друг цицач не се движи како нас. Ние излегуваме од нашите територии дури и кога во нив има доволно ресурси. Другите животни не го прават тоа. Тоа не го правеле ни останатите човеколики суштества. Неандерталците беа тука стотици илјади години и никогаш не се раширија по светот. А за само 50.000 години, ние стигнавме секаде. А сега сакаме да одиме и на Марс."