
Додека глобалното производство на облека се предвидува да достигне 200 милијарди парчиња годишно до 2030 година, Африка се соочува со уште поголема поплава од текстилен отпад, која веќе достигна ниво на еколошка криза.
Испораката на носена облека, претежно од САД, Европа и Кина, е долготраен процес, но со ограничена инфраструктура за управување со отпад во африканските земји, оваа облека сè повеќе завршува на депонии, се гори на отворено или се фрла во реки.
Секоја секунда се фрла или се гори облека што би наполнила камион за ѓубре. Почвата, реките и океаните стануваат сè позагадени од евтини, лесно отфрлени предмети, предупредува Ингер Андерсен, директорка на Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).
Таа ги повика потрошувачите подолго да ја користат облеката и да ја намалат прекумерната потрошувачка.
Брендовите за брза мода ги преплавуваат африканските пазари со облека што малкумина сакаат или можат да ја користат. Пазарот Кантаманто во Акра, главниот град на Гана, секоја недела добива по околу 1.500 тони облека од втора рака, според извештај на Гринпис од 2024 година. Речиси половина милион од таа облека се фрла како ѓубре, и покрај напорите за рециклирање.
Околу 89% од парчињата текстил содржеа синтетички влакна што се разградуваат во микропластика. Во некои случаи се користеа како гориво во јавните бањи, ослободувајќи токсични канцерогени хемикалии во воздухот вели Сем Кваши-Идун, менаџер за истраги на Гринпис Африка.
Кенија, според податоци од МИТ, сега е најголемиот потрошувач на носена облека во Африка. Голем дел од оваа увезена облека, локално позната како „митумба“. Практиката на богатите земји да го извезуваат своето ѓубре во помалку развиените Кваши-Идун ја нарекува „колонијализам на отпад“.
УНЕП предупредува дека целиот текстилен синџир ја деградира животната средина, од пестицидите на полињата со памук во Танзанија, до пластичните микровлакна што се испуштаат при перењето. Текстилот има значителен удел во глобалниот општински цврст отпад, кој денес надминува 2,3 милијарди тони годишно.
Кваши-Идун вели дека товарот не треба да падне врз африканските земји.
Брендовите и регулаторите на Глобалниот Север мора да бидат одговорни. Во Африка мора да се развие нов модел на одржлива мода, вкоренет во африканските вредности, кој ја поддржува локалната креативност и економија. Промените бараат смели инвестиции, одговорност и модна индустрија што ги става луѓето пред профитот, вели Кваши-Идун.