Џабе се пакувавте

"Дома си е дома" од Тајзи (музика Јован Јованов) е првата објавена песна од оние што добија државни субвенции. "Најлесно пасош у рука, и фаќаш магла од тука, наместо држава своја, градиме држава туѓа, а јас имам баш добро планче..." се стиховите кои го отвораат овој анти - гастарбајтерски хит кој подоцна  се развива во заразен оптимизам кој ќе ви разбуди желба да ве милува некоја рандом Македонка. Јер Адриана Лима не би знаела ко неа. Све тоа фино, само ни е криво што според ова, Александар Македонски никад не би добил субвенција.

Пошто на крајот на песната Тајзи реди главно спортисти (а пари не му дала Агенција за спорт него министерство за култура), ние се пријавуваме за субвенција во која ќе набројуваме културни дејци.

Пејте:

Ристо Шишков,
а и Вртев,
цела ноќ Македонка тртев,
Јаневски Славко,
или друг лустриран,
боље и така,
него кастриран....

п.с. на музика од Макарена, за да има време сите да ги наброиме.

12 јуни 2014 - 11:50