Култно видео со Даре Панчев и Црвена звезда по пласман во финале
На 24-ти април 1991-ва година Црвена звезда одигра 2-2 против големиот Баерн Минхен во реваншот од полуфиналето на Куп на европски шампиони (КЕШ) и се пласираше во големото финале. На првиот натпревар во Минхен белградскиот состав славеше 1-2 со головите на Панчев и Савичевиќ. А на реваншот се случи култниот автогол на Аугенталер по центаршут на Михајловиќ кој претходно даде и еврогол од слободен удар.