Непосветувањето внимание е форма на намерна дискриминација. Обратно, посветувањето должно и автентично внимание некому или на нешто е „најредок и најчист облик на великодушност“.
Не дека сме и онака нешто многу паметни. Ама кога секоја информација е на онлајн дофат, почнуваш да се однесуваш како поглуп отколку што навистина си. Нула напор за нешто да се запамти или да се научи. Чуму маката, кога пак ќе може да се пребара?
Да речеме дека тука би можеле да кликнете на опција која ќе ве поштеди од читање на воведов. И тоа во случајов нема да биде страшно. Но прескокнувањето на најавни и одјавни шпици во филмови и серии значи не само непочитување на трудот на куп луѓе кои се измачиле тие да бидат интегрални делови од доживувањето, туку и третирање на уметноста како потрошувачка „содржина“ која треба да се проголта што побргу и поефикасно.
Ако ги гледате бројките на денешни деца дијагностицирани со ADHD ќе добиете впечаток дека во новите генерации итра вистинска епидемија на хиперактивност и пореметување на вниманието. Еден педијатар тврди дека целата работа ја гледаме погрешно.
Колкав притисок ќе ви врши околината денес, за да ѝ го доделите она што ви е вам најскапоцено - вашето внимание? И колку притоа можете да ѝ се спротивставите? Оваа книга дијагностицира проблем, но истовремено нуди и можни решенија.
Постојат луѓе кои никогаш не чувствуваат потреба да мрднат од местото во кое се насадени. А постојат други луѓе кои пак никаде и никогаш не ги фаќа место. Ако ги барате оние првите, погледнете на каучот во дневна. За вторите, во статијава.