Таг: гени

Сите сме Велики

Се сеќавате на песната на Систер Слеџ, We are Family? Епа изгледа навистина сме, ако ништо друго во Европа, далечни братучеди, золви, јатрви и баџанаци, поврзани со едно единствено име на монарх од деветтиот век.

Зошто научниците претвораат молекули во музика?

Експерименталното „преведување“ на био-податоци во звуци почнале пред повеќе децении, но денешната пософистицирана технологија овозможува тоа да се прави полесно и со поголем ефект. Сепак, добиената музика не е само финта, туку служи за објаснување на сложени процеси на многу поразбирлив начин, а може да доведе и до нови откритија.

Мистеријата на д’ткањето

Се смета дека во светот 70 милиони луѓе пелтечат, односно имаат проблем со започнување и одржување на континуитетот на говорот, што резултира со паузи и повторувања. Оваа бројка вклучува околу 5% од децата, кои можат и да ја надминат оваа состојба, како и 1% од возрасните. Помеѓу нив има и актери (Џејмс Ерл Џонс,Емили Блант), претседателски кандидати (Џо Бајден), па дури и еден некогашен крал (британскиот Џорџ Шести).

За поинакви печуркари и природњаци

Без сомнение, некои работи што ги среќаваме додека шетаме низ природа се многу таинствени. Предизвикуваат и некои од најсилните чувства кај нас. Има луѓе кои имаат разни фобии од нив и се плашат и да погледнат во нив, други кои се поофанзивни и ги ништат кај и да ги сретнат, трети кои со сласт шират приказни за нив без никаква основа, но и такви кои ги гледаат само преку некаква корист. Јас лично не сум во ниедна група.

Што е тоа во човечкото бивање, што го тера на скитање

Постојат луѓе кои никогаш не чувствуваат потреба да мрднат од местото во кое се насадени. А постојат други луѓе кои пак никаде и никогаш не ги фаќа место. Ако ги барате оние првите, погледнете на каучот во дневна. За вторите, во статијава. 

Ех да беше стрела еволуцијава

Тешко дека ќе најдете нешто попросто од амебата, дури и на македонската јавна сцена. Па сепак, тоа глупо едноклеточно створче има 200 повеќе пати ДНК од Ајнштајн.

Како е можно компанија да поседува човечки гени?

Токму така, да ги поседува (во пазарна, корпоративна и секаква друга смисла) самите човечки гени, не само процедурите за нивно истражување.