Лара Крофт реши да ги отстрани обете дојки пред тиe да се свртат против неа, потег кој го донела откако тестовите на клучните гени кои навестуваат можен ризик од рак и покажале страшно висок процент на опасност.
А тестовите и се останато околу гените BRCA1 и BRC2 се ексклузивна сопственост на една компанија во светот - Myriad Genetics.
Ако не им верувате на Мириад, ако ви се скапи, ако сакате "второ мислење" или нешто слично, не можете да сторите баш ништо. Тоа е единствената компанија на светот која располага со овие гени.
Значи секој е упатен да мине низ нивната скапа процедура за тестирање на ризикот од рак на дојка. До пред некое време процедурата чинела 3.000, сега околу 4.000 долари иако упатените велат дека сите 23.000 човечки гени можат да се секвенционираат за само 1.000 долари.
Но, монополот на Мириад врз BRCA1 и BRCA2 им овозможува да наплаќаат колку што сакаат а и сите понатамошни истражувања на оваа тема се исклучиво во нивни раце, барем уште следните две години колку што им трае лиценцата, иако американскиот Врховен Суд следниве недели треба да ја разгледа оваа тема во поширок контекст.
Мириад тврди дека патентот им припаѓа заради иновативниот процес за екстракција кој го развиле и затоа што треба да бидат мотивирани и понатаму да се бават со истражување на овие гени.
Само тие.
Генетските информации се шифрирани во секвенци од хемиски "букви". ДНК азбуката содржи четири букви (A, C, T или G), и секој ген е "реченица" од илјадници вакви букви. И најмала промена во "текстот" е битна и токму тоа е она што нè прави уникатни.
Така и читањето на BRCA1 овозможува да се дознае колкав ризик една жена носи во себе да заболи од рак на дојка. Се додека им плати на Мириад Генетикс за читањето.
Во меѓувреме, Анџелина Џоли веројатно е среќна затоа што не живее во страв дека ќе и се повтори судбината на мајка и (во меѓувреме најавува дека ќе ги отфикари и јајниците), нејзините деца можат да бидат среќни затоа што мама сторила се што можела да биде подолго со нив, Бред Бит треба да е среќен и за здравјето на жена си а ваљда и бил прашан каков нов модел сака, а среќни се и Мириад, чии акции по огромниот Пи-Ар кој го доби случајот со Џоли одеднаш рипнаа и моментално се на рекордно високо ниво.