Уште од стара Грција, развојот во природата се гледа линеарно. Таквата слика ја цементира Дарвин со својата теорија за еволуцијата во која сè потекнува од еден единствен предок кој почнува да еволуира, да се здружува, да мутира... Накратко, од едноставно да оди кон посложено.
Цел век по него, сценариото на еволуцијата консензуално се опишува на сличен начин: едноклеточни организми почнуваат да комуницираат меѓу себе пред околу 600 милиони години. Тоа резултира со создавање на колонии од кои произлегуваат првите повеќеклеточни организми (денешните сунѓери на дното на океаните директно потекнуваат од некои од тие предци). Потоа дел од таквите организми развиваат посебни ткива, па специјализираат мускулни, нервни и други клетки па се создаваат платформи за екстремитети па рбет и придружната инфраструктура...
Кога на почетокот на новиов век, секвенционирањето на ДНК стана ефтино, достапно и прецизно, научниците очекуваа анализите на гените да ја потврдат ваквата еднонасочност на еволуцијата и да докажат дека постарите организми се поедноставни од подоцнежните.
Првите испитувања беа ок. Кај комарците беа најдени 14.000 гени, кај човекот 22.000. Ги шиеме, природно и ферски.
Но, подоцна дојдоа неочекувани резултати поради кои мора да се прецртува дрвото на еволуцијата. Ако некогаш на таквиот развој се гледаше како на пуштена стрела, денес на сè повеќе стручни луѓе им изгледа дека еволуцијата можеби се движи како оние петли на оџаците на куќите за време на торнадо.
Во 2007-ма, група меѓународни истражувачи се бавеле со морските анемони, 560 милиони години стари водени предатори кои личат на растение. Немаат мускули, глава, гз, мозок а имаат повеќе гени од инсектите кои се многу помлади од нив и оттука, би требало да се генетски покомплексни.
Уште поголем хаос предизвика анализата на едно живо морско желе Mnemiopsis leidyi кое испадна комплексно животно со мускули, нерви и рудиментиран мозок (има чак и светло). Ги има сите овие работи а е постар од некои организми кои немаат ништо од ова.
И сега се отвораат разни хипотези за да се прилагоди и спаси теоријата. Една од популарните научни метафори на оваа тема е во игра од 1996-та година, од трудовите не еволуционистот Стефан Џеј Гулд кој вели дека еволуцијата личи на одење на пијан човек. Организмите (во текот на милиони години) имаат шанси да тргнат и кон покомплексни и кон посложени форми.
Можеби мајката природа некогаш е расположена како Стив Џобс па сака да покаже дека поедноставувањето на работите може да биде напредок.