Кафе Зале се наоѓа во Крњача (општина Палилула), предградие на Белград.
Главни ликови се Илија Боксер (по панаѓури држел круша за мавање и има удрено 999; сведоци има за тоа), Даркич Наркич, Емин, Зека (Зека дели шамари) Вељо, Авдуљ (Авдуљ има дувнато 4 промили на алкотест) ...
Неработници, работници, фасадери, љубители на песни и убер алес - обожаватели на алкохол. Кој на пиво, кој на ракија (еден лажов рече дека сака и млеко). Доаѓаат кај Зале да ја здружат својата решеност реалноста да не ја трпат трезни. Првотимците пијат по 25-35 пива на ден, во фиксниот термин од сабајле до сабајле.
Оние малкумина што се при памет и при некаква работоспособност, на Кафе Зале му имаат отворено Инстаграм и Јутјуб канал, првенствено за да се заебаваат со овие весели и за нормален човек неподносливи приградски Авенџери. Ама бидејќи Господ и финансиски ги чува будалите, работата тргнува наопаку па стануваат популарни и луѓе од различни краеви (меѓу другото Чикаго, Абу Даби) почнуваат да им праќаат пари за пијачка.
Ако сме иста крвна група па заминувањето на Малнар, Шева и емисијата Ноќна мора ви остави трајна дупка во срцето, Кафе Зале и неговата екипа се драгоцен бајпас.
Погледнете ја репортажата:
Кафе Зале на Инстаграм и на Јутјуб.
***********
Бидејќи репортажата има наслов: „Кафе Зале ја угостува Мими Мерцедес“, ја користиме оваа прилика да ви ја утрапиме и неа. Бидејќи кому не му ја утрапиле Мими Мерцедес, тој уште не знае што е тоа трап.
Одиме со нејзината најјака:
и со фаворитот на Јоле од 365:
*******
Запамтете: Кафе Зале, Крњача, Палилула, Белград. Ако се чувствувате физички и ментално способни да се одмерите со нивната кондиција, еве ги и потребните ГПС координати.