Два вокала од кои едниот со малку "блеечко" вибрато, мелодија просечна/пристојна/незабележлива и текст од кој се дознава дека:
- Господ гледа на Струмица (а затоа пропушти војна во Сирија!)
- Заев е највреден, нормално.
- Сонот станал јаве (цирка 2009-та)
- За Заев рака даваме (не џанам дека дошол Шеријат)
- Старо и младо, нормално.
- Штом стих заврши со 'душа', јасно ти е дека римата е 'слуша' (убаци 'скуша' да те видам!)
Офкорс дека песна со ваква тема (да го опеваме лидерот) тешко да биде нормална. Муабетот ни е за тие на кои им прават вакви песни:
- Не им е бе незгодно кога слушаат?
Доста мудрување, време е за музика.
Совет: пред да стиснете плеј, отидете до веце, јадете, пораснете ги децата... Видеото трае девет минути: