Ченто: Дали ми е местото меѓу нив?

Некои луѓе не излегле да се борат за она што пишувавме во манифестите и апелите, туку за да седнат на некоја удобна столица, да се сместат во некоја убава туѓа куќа, да се возат со лимузини, а во исто време да зборуваат за рамноправност.

На една од седниците на Президиумот ми беше префрлано дека продавам демагогија, не сум сакал стражар пред куќата и сум одел пешки на работа, па народот да мисли дека сум народен човек, наместо да бидам солидарен со другите што се на раководни положаи.

На тоа одговорив дека во време кога преговораме и молиме за камиони и за бензин за многу поважни работи, не е во ред да го трошиме бензинот непотребно, бидејќи од пет минути пешачење нема да ми паднат нозете, нити пак некој ќе тргни да ме отепа. Реков и тоа дека ако можев да пешачам 14 месеци по планини, да минувам реки, сега не ми смета да одам по чиста калдрма и дека колата ќе ја користам за поважни работи, војниците, кои се слабо облечени, треба да ги чуваат сите граѓани, а не само личностите на положај.

Овие работи ми говореа дека некои луѓе не излегле да се борат за она што пишувавме во манифестите и апелите, туку за да седнат на некоја удобна столица, да се сместат во некоја убава туѓа куќа, да се возат со лимузини, а во исто време да зборуваат за рамноправност.

Пак се најдов во ситуација да се прашувам дали ми е местото со нив или да си се вратам на дуќан.“

Методија Андонов - Ченто
(погоре слика во затворската болница)

виа

 

2 ноември 2020 - 19:27