Њујорк Тајмс во 2002 година за лица на годината прогласи три жени заради нивната храброст и разоткривање корупција на работните места. Синтија Купер (ВорлдКом), Колин Роули (ФБИ) и Шерон Воткинс (Енрон) беа одбрани затоа што верувале дека вистината мора да се дознае, дека неправилностите не смеат да се избришат и притоа не чекале „некој од горе“ да им каже што треба да се прави.
Па сепак, анкетите покажуваат дека 70% од вработените и 85% од менаџерите признаваат дека не пријавуваат тоа што е погрешно на нивните работни места. Дел од нив заради страв за својата позиција но веројатно уште покобно за продуктивноста и работната атмосферра е чувството на залудност дека и после пријавување, нешто ќе биде сменето.
Бројни истражувања покажуваат дека вработените често имаат одличен увид во организационите проблеми на својата фирма и често имаат и одлични предлози за нивно решавања па сепак се решаваат на молк, или пак за тоа зборуваат само со своите „сојузници“ меѓу колегите.
Колку за пример, утврдено е дека ваквиот молк во еден менаџерски слој на НАСА е причина за несреќата на спејс-шатлот Челенџер. Раководството знаело дека дизајнот на ракетата има потенцијално катастрофална грешка и биле предупредувани за опасностите на лансирање при ниски температури, но ниту реагирале ниту ги известиле своите надредени за техничките проблеми, за овие да не ја натоварат вината кај нив.
Еден од специфичните проблеми на оваа тема е таканаречениот „мум ефект“ кога луѓе одбиваат да бидат оние кои ќе му ја пренесат лошата вест на шефот а ако веќе мора да бидат тие, тогаш ја пренесуваат ублажено и „фотошопирано“, за шефот да не се изнервира па да настрада „курирот“.