Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Русија добро се опремила со нуклеарни проектили

11 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Русија продолжила да развива нуклеарни проектили со среден и краток дострел за време на мораториумот за поставување вакво оружје и сега поседува значително голем арсенал, изјави вицепремиерот Сергеј Рјабков.
  • „Уште кога беше објавен мораториумот јасно кажавме дека тој се однесува само на распоредување и дека воопшто не се спомнати активности за истражување и развој. Го искористивме времето за да развиеме системи и да создадеме прилично добар арсенал“, изјави Рјабков.
  • Москва пред неколку дена објави дека го укинува едностраниот мораториум за поставување проектили со среден дострел, бидејќи на тоа ја принудиле потезите на САД и нивните сојузници.
  • Договорот за проектили со среден и краток дострел беше потпишан од САД и Советскиот Сојуз во 1987 година, како чекор кон намалување на тензиите помеѓу суперсилите од времето на Студената војна. САД се повлекоа од мораториумот во 2019 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

6

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
7

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
8

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

8

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најглупата фора во свет

Џервејс, спомни нè некогаш

И Данска сака трето дете

Отворено писмо на Џон Клиз до САД

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy