Нејзиното суверено Височество, Кралицата Елизабета II, продолжува со нејзините монархиски должности над сите држави, комонвелти и други територии. Освен Јута, која не ѝ е по ќеф.
Вашиот нов премиер (почитуваната Тереза Mej, член на парламент за 97,8% од вас што до сега не биле свесни дека постои свет надвор од вашите граници) ќе именува министер за Америка. Конгресот и Сенатот се рaспуштаат. Прашалникот што ќе ви биде доставен следната година ќе утврди дали некој од вас го забележал тоа.
За да се помогне во транзицијата на вашата зависност кон британската круна, се воведуваат следниве правила, кои стапуваат во сила веднаш:
1. Побарајте го зборот „отповикување“ во Оксфордскиот речник на англискиот јазик. Побарајте и како се изговара „алуминиум“. Ќе бидете изненадени колку неточно го изговарате. Гласот „у“ ќе биде нечуен во зборовите како „фејвр“ (услуга) и „нејбр“ (комшија). Исто така ќе научите да го спелувате „донат“ (крофна) без да прескокнете половина од буквите. Генерално, треба да си го издигнете речникот на прифатливо ниво. Побарајте го и „речник“. Користењето на истите 27 збора меѓу кои ставате „пополнувачки“ звуци како „лајк“ и „ју ноу“ е неприфатлива и неефикасна форма на комуникација. Побарајте го „пополнувачки“. Нема веќе да има „биип“ звуци во шоуто на Џери Спрингер. Ако не сте доволно возрасни за да се соочите со „безобразни“ зборови, тогаш не треба да имате ваков тип програми.
2. Не постои нешто што се вика „американски англиски“. Во ваше име за ова ќе го известиме и Мајкрософт. Нивниот спелчекер ќе биде прилагоден за да ја земе предвид буквата „у“ (u).
3. Треба да почнете да разликувате англиски и австралиски акценти. Не е толку тешко. Англиските акценти не се ограничени на кокни, елитни или манчунијански (Дафне во Фрејзер). Шкотските драми како „Тагарт“ веќе нема да бидат емитувани со титлови. Мора да научите дека нема место што се вика Девоншир во Англија. Името на областа е Девон. Ако продолжите да ја нарекувате Девоншир, сите американски држави ќе станат „шир-ови“, како Тексасшир, Флоридашир или Луизијанашир.
4. Треба повторно да си ја научите оригиналната национална химна, God Save the Queen, но само откако целосно ќе ја извршите задачата бр. 1.
5. Треба да престанете да играте американски „фудбал“. Има само еден вид фудбал. Она што го нарекувате американски „фудбал“ не е многу добра игра. Оние 2,1% од вас што се свесни дека постои свет надвор од вашите граници можеби веќе забележале дека никој друг не игра „американски“ фудбал. Треба наместо тоа да играте вистински фудбал. На почетокот, најдобро е ако играте со девојчиња. На оние најхрабрите меѓу вас, со време, ќе им биде дозволено да играат рагби (што е слично на американски „фудбал“, но не вклучува пауза за одмор секои две секунди или носење целосен оклоп како педерчиња). Треба да престанете да играте бејзбол. Не е разумно да бидете домаќини на настан наречен „Светска серија“ кога се работи за игра што не се игра вон Америка. Наместо бејзбол, ќе ви биде дозволено да играте женска игра наречена „раундерс“, што е бејзбол без фенси тимска ознака, преголеми ракавици, колекционерски картички или хотдог.
6. Веќе нема да ви биде дозволено да поседувате или во јавност да носите оружје, или што и да е поопасно од лупач на зеленчук. Со оглед на тоа што не сте доволно разумни за да ракувате со потенцијално опасни предмети, треба да имате дозвола и за носење на лупач на зеленчук.
7. 4 јули веќе не ви е празник. Втори ноември ќе ви стане новиот. Ќе биде наречен „Денот на неодлучноста“.
8. Сите американски автомобили се забрануваат. Тие се срање и ова е за ваше добро. Кога ќе ви ги покажеме германските, ќе сфатите на што мислиме. Сите раскрсници ќе бидат заменети со кружни текови и ќе почнете да возите на лево. Истовремено, ќе го прифатите метричкиот систем без предноста на таблиците за конверзија. Кружните текови и метричкиот систем ќе ви овозможат да го разберете британскиот смисол за хумор.
9. Научете да правите реален помфрит (chips). Оние нешта што ги нарекувате „френч фрајс“ не се реален помфрит. Фрајс-от не е ни француски, туку белгиски, иако 97,8 од вас (вклучително и човекот што ги открил пржените компирчиња додека бил во Европа) не се свесни дека постои земја наречена Белгија. Пржените компири всушност вистински треба да се викаат „криспс“. Вистинскиот помфрит е дебело исечен и се пржи во животинска маст. Традиционална придружба е на пивото, кое треба да биде послужено топло и без пена.
10. Студеното и бесвкусно нешто што го нарекувате пиво всушност е лагер. Единствено вистинското Бритиш битер ќе се нарекува „пиво“. Супстанците некогаш познати како „американско пиво“ оттаму ќе се преименуваат во „Речиси смрзната урина од комарец“, освен за производите на американскиот Бадвајзер, кои ќе се нарекуваат „Слаба речиси смрзната урина од комарец“. Ова ќе му овозможи на вистинскиот Бадвајзер (правен во последните 1.000 години во Пилзен, Чешка) да се продава без ризик од конфузија.
11. Британија ќе ги усогласи цените на бензинот (или „гасолинот“, како што ќе ви биде дозволено да го викате и понатаму) со оние од поранешните САД, прифаќајќи ги британските цени на бензин (околу 6 американски долари по галон, навикнете се).
12. Научете се да ги расчистувате личните конфликти без оружје, адвокати или терапевти. Тоа што ви требаат голем број адвокати и терапевти покажува дека не сте доволно возрасни за да бидете независни. Ако не сте доволно возрасни за да ги решите проблемите без некого да тужите или да зборувате со терапевт, не сте доволно возрасни ни да ракувате со оружје.
13. Ве молиме кажете ни кој го уби Кенеди. Тоа нè полудува.
14. Собирачите на даноци од владата на Нејзиното височество ќе ве посетат наскоро, за да обезбедат наплата на сите заостанати долгови (кои водат назад до 1776).
Ви благодариме за соработката,
Џон Клиз, Бејзил Фолти, Фолти Тауерс, сер Ланселот од Камелот, Торкеј, Девон, Англија