Дончиќ постигна неверојатни 53 поени со кои го постави својот нов рекорд за оваа сезона и ја вжешти атмосферата до максимум.
Мечот почна тешко за езерџиите, кои во втората четвртина имаа негатива од дури 16 поени. Но, токму тогаш на сцена стапи Лука Дончиќ.
На самиот истек на првото полувреме, тој изведе нестварен потег. Погоди филмска тројка од линијата за слободни фрлања, ама од сопствениот рекет, со што го најави големиот пресврт.
Во третиот период експлодираше со 20 поени, повеќе од целиот тим на Портланд во таа четвртина (15 поени).
Со овој монструозен перформанс, Дончиќ успеа да запише неколку историски постигнувања во НБА лигата.
Го подигна својот сезонски просек на неверојатни 40,1 поени по натпревар и стана првиот кошаркар по легендарниот Вилт Чемберлен, кој успеал да одржи просек од 40+ поени во првите девет натпревари од сезоната.
Ова беше негов четврти натпревар во низа со најмалку 40 постигнати поени. Претходно тоа му успеало на Коби Брајант во 2012 година. Границата од 50 поени ја помина 11-ти пат во кариерата.
Покрај 53-те поени (17/33 од игра, 14/18 од линијата за слободни фрлања), Лука додаде и по 5 скокови и 5 асистенции. Одлична поддршка му беше му даде Остин Ривс со 25 поени.
LUKA FROM BEYOND HALF COURT 🤯🤯🤯 THE SHOT THAT CHANGED THE GAME https://t.co/BGTMNviOMf
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 7, 2026
LUKA, ARE YOU KIDDING?? THE WILD SHOT FROM 3/4 COURT TO BEAT THE 1H BUZZER 🚨 https://t.co/Md9tpFka94
— NBA (@NBA) November 7, 2026