Таг: лука дончиќ

Четири споредби кои најдобро ја отсликуваат доминацијата на Дончиќ

Лука Дончиќ има историски старт во новата сезона и по првите 11 меча е апсолутен лидер во лигата со 38,6 поени по натпревар, 7,6 скока и 7,6 асистенции. Процентот на шут за три поени му 40.8%, со просек од 5,5 погодени тројки по меч или вкупно 60 комада. На две средби постигна 50+ поени. Со него на теренот, Лејкерс имаат вкупна кош-разлика од +165 и се први на Запад.

Лејкерси газат, ново МВП издание на Дончиќ со 32 поени

Лука Дончиќ одигра уште една доминантна партија со која го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа против Милвоки Бакс од 123-112.

Нова магија во Ел Еј: Дончиќ испука 53 поени со лудорија од кош од своја половина

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Дончиќ е незапирлив, четврти меч гази со 40+

Лос Анџелес Лејкерс продолжува со одличните игри на стартот од новата сезона, откако на домашен терен целосно го надигра и демолираше тимот на Мајами Хит со конечни 138-117. 

И Лука знае да изненади со додавања како Никола

Дончиќ го растури Торонто со 45 поени, 15 скока, 6 асистенции, 5 украдени топки и 8 тројки. Попримил нешто од чудните пасови на Јокиќ. Погледнете како го најде Вокер Кеслер.

6 поени и една украдена топка за 20 секунди

Лука Дончиќ одигра маестрална партија против Јута која ја демолираше со 52 поени. Погледнете што успеа да направи во период од само 20 секунди. Даде кош со дополнително слободно фрлање во пад, го реализираше слободното, му украде топка на Бејли, го собори, а потоа даде тројка.

Лука Дончиќ ја растури Јута Џез со 52 поени

Со играч од калибарот на Дончиќ, нема недостижна предност на паркетот. Лејкерски ја совладаа Јута со 132:123 и покрај тоа што во еден момент губеа со 18 поени разлика.

Шоу во ЛА: Дончиќ погоди од паркинг, дебитантот Кеслер со подвиг како Шек

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Овации за Дончиќ и Ѓоковиќ во Мадрид

Новак Ѓоковиќ и Лука Дончиќ се појавија заедно во „Мовистар“ арената во Мадрид, за да го гледаат дуелот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена Ѕвезда. Едниот стана МВП со кралскиот тим, а другиот е навивач на Ѕвезда која често ја бодри во сала.

Лејкерси загубија 43 разлика, Дончиќ во агонија, во прашање е сезоната

Лос Анџелес Лејкерс загуби гостувањето кај шампионот Оклахома Сити со 96-139. Шеј Гилџес-Александер беше најдобар играч на мечот со 28 поени, 7 скока и 7 асистенции. Кај Лејкерси Џејмс постигна 13, а Дончиќ застана на 12, но она што ги загрижува во тимот е неговата повреда на задната ложа.

Дончиќ ги растури Булси со 46 поени

Лука Дончиќ одигра симултанка во домот на Мајкл Џордан. Го разнесе Чикаго со 46 поени, 12 асистенции, 7 скока и 8 тројки, за победа на Лејкерси од 129:118. Никола Вучевиќ го заврши мечот со 18 поени, 11 скока и 5 асистенции. Словенецот е во врвна форма со 33,4 поени по натпревар оваа сезона.

Дончиќ го збриша Денвер со историски трипл-дабл

Со фантастична партија во лидерски стил, Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси до триумф на гостувањето против Денвер од 107:115. Словенецот блесна со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции и го мина Јокиќ на листата на играчи со најмногу трипл-дабл мечеви со минимум 30 поени. Кај Нагетси не беа во комбинација четворица играчи, а Јокиќ го пропушти 12-от меч во низа.

Шоу од 15 секунди со Дончиќ за кое зборува цела НБА

Лејкерси ја совладаа Јута Џез со 108-106, а Лука направи акција со која ќе ги победи сите конкуренти, во оние стандардни топ листи со атракции. Прво му ја украде на ветеранот Кевин Лав, тргна во контра, па му ја протна кроз нозе ко на фудбал и на крај следуваше јагодката на шлагот. Му намести цепелин на Џексон Хејс. Па нема појако.

Две јаки асистенции на Лука во стилот на Јокиќ

Лука Дончиќ ја почна новата сезона во страшен ритам со 165 поени на првите четири меча. Погледнете му ги потезиве против Мајами. Шоу.

Трипл-дабл на Дончиќ за историја, игра во врвен ритам

43 поени против Голден Стејт, 49 против Минесота, кратка пауза поради повреди на прстите и ногата, па 44 поени над Мемфис и ноќеска трипл-дабл со Мајами.

Лука е незапирлив, трет меч по ред со 40+

Постигна 43 поени против Голден Стејт, па 49 против Минесота. Паузираше два меча поради повреда и еве го синоќа повторно во елемент, со бројки кои го сместуваат во друштво на Чемберлен и Џордан.

Историски старт на Дончиќ со 93 поени, 23 скока и 17 асистенции на два меча

Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА историјата кој ја отворил сезоната со два натпревари по ред од 40+ поени, 10+ скока и 5+ асистенции. Влезе во друштво на само четворица кои успеале да постигнат 40+ поени во првите два меча од сезоната. Другите се Ентони Дејвис (2016-17), Мајкл Џордан (1986-87) и Вилт Чемберлен (1961-62; 1962-63).

Дончиќ феноменален со 39 поени и 10 скока, недоволно за полуфинале

Словенија не успеа да го сруши светскиот првак во последното четвртфинале на Евробаскетот.

Олд скул шега на Дончиќ

Шегобиецот e Лука Дончиќ, а жртвата е тренерот Марко Милиќ. Ова се правеше некаде во шесто, седмо одделение.

Дончиќ имал зорт за време на химната

Лука Дончиќ го здроби Израел со 37 поени, 11 скока и 9 асистенции во последниот меч од групната фаза на ЕП. Ама го немаше додека се интонираше химната и си кажа искрено зошто. Имал повик од природата.

Нова симултанка на Дончиќ за осминафинале на Словенија

Лука Дончиќ игра на високо ниво на Европското. По трип-дабл партијата против Белгија, одигра нов одличен натпревар и на мечот со Исланд, клучен за пласман во осминафинале. Ѕвездата на Лејкерси реализираше 26 поени, а имаше и 7 скока и 4 асистенции, за победа на Словенија од 87:79. По 4 кола, тој е прв на Евробаскетот во просек по број на поени, скокови, асистенции и украдени топки.

Баркли: Лука ќе потпишува договор од 300-400 милиони, а не може ни стол да чува

Минесота Тимбервулвс го збриша Лос Анџелер Лејкерс со 4:1 во првата рунда од плејофот. Чарлс Баркли со остра критика за играта во одбрана на Дончиќ: „Тој е елитен играч кој се спрема да потпише договор вреден 300-400 милиони долари. Како прво мораш да се вратиш во форма за да ги заслужиш тие пари. Лука не може да чува никого, па дури ни својот стол. Мора да научи да игра одбрана“, рече Баркли.

Јокиќ го доби српското дерби против Богдановиќ, залудни 37 поени на Дончиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија од Западната конференција во плеј-офот во НБА лигата, откако вечерва во трилер натпревар по продолженија славеа над ЛА Клиперс со 112-110. Дебакл на Лејкерси.