Лука Дончиќ ја растури Јута Џез со 52 поени

Со играч од калибарот на Дончиќ, нема недостижна предност на паркетот. Лејкерски ја совладаа Јута со 132:123 и покрај тоа што во еден момент губеа со 18 поени разлика.

Лука Дончиќ одигра спектакуларен натпревар и со 52 поени, 10 асистенции, 8 скока, како и 8 тројки ја реши Јута и стана прв играч сезонава во НБА со миимум 50 поени.

Лејкерси добија натпревар во кој влегоа со негатива од 47:29 во првата четвртина, но на полувреме имаа 74:71 во своја корист.

Словенецот одигра клучна улога на крајот од четвртата четвртина, кога ја заокружи серијата од 14-5 со две тројки по ред и му донесе предност на својот тим од 127:121 на нешто помалку од 2 минути пред крајот.

Со оваа партија, тој испиша историја, станувајќи само третиот играч на Лејкерс кој забележал 50 или повеќе поени заедно со 10 асистенции на еден натпревар. Тој се приклучи на елитното друштво на Елџин Бејлор (1961 и 1963) и Џери Вест (1962).

Најголема помош доби од Остин Ривс, кој со 29 поени и 4/5 за три поени, го презеде товарот кога Дончиќ земаше здив на клупата.

Лејкерски имаат 3:0, а следниот предизвик им е Портланд на домашен терен. 

 

26 октомври 2026 - 08:34