ФИФА добива нов претседател, легендата поддржана од УЕФА?

77-годишниот Арсен Венгер би можел да се врати во големиот фудбал и тоа во неочекувана улога. Осум години откако замина од својот Арсенал, легендарниот тренер би можел да се кандидира на изборите за претседател на ФИФА. Негов противкандидат би можел да биде Џани Инфантино - човек кој пред седум години го повика Венгер да соработуваат.

УЕФА ГО НАГОВАРА ВЕНГЕР, А И МНОГУ ВО ФИФА САКААТ ДА ГО ВИДАТ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ

За можното враќање на Венгер на голема сцена се зборува уште од октомври. БиБиСи Спорт пишуваше дека првите луѓе од европскиот фудбал во него гледаат идеален против-кандидат на Инфантино.

На 10-ти ноември БиБиСи пишуваше дека Венгер сериозно размислува да ја прифати кандидатурата и да учествува во изборите за претседател на ФИФА. Французинот конечната одлука ќе ја даде до крајот на оваа недела, пишува британската агенција PA Media, а Атлетик вели дека УЕФА активно го убедува Венгер да влезе во трката.

Европската фудбалска конфедерација уште на 8-ми октомври повика на смена на раковдството на ФИФА - а целата позиција ја поддржаа 54 од 55 национални фудбалски федерации. 

УЕФА сака програмски реформи во ФИФА: не само да се смени претседателот, туку и да му се ограничи едноличната власт, да се засили улогата на Советот на ФИФА и Извршниот одбор, да се заштитат независните органи за етика, да се забрани користење ресурси на ФИФА во лични или предизборни интереси и друго.

13 ноември 2026 - 12:21