Жестока тепачка на УФЦ борци среде хотел во Абу Даби

Познатите ММА (мешани боречки вештини) борци се степале во хотел во Абу Даби. Усман Нурмагомедов со повеќе лица му пришол на Мераб Двалишвили од зад грб и го нападнал при што Грузиецот го извлекол подебелиот крај. Усман е братучед на големиот Хабиб Нурмагомедов. Имал некои закачки од претходно со некогашниот шампион во УФЦ Мераб Двалишвили и решил да му пријде од зад грб во хотел. Мераб бил сам со свој помлад пријател, исто борач.

Тука може да се види како му приоѓа од зад грб

Веднаш после нападот, додека примал лекарска помош, Мераб Двалишвили објавил видео на Инстаграм во кое рекол: “Каков змиски подол начин дечки. Ние двајца сами, јас и другар ми, дојдовме овде во Абу Даби и Усман и неговите дојдоа како змии од позади. Какви борци сте вие момци? Каков човек може да го направи ова? Ако сакаш да се тепаме, да го направиме тоа како треба. Дојдовте спремни додека ние сме сами двајца. Ебате!“

12 ноември 2026 - 10:18