Реакции во Германија по прослава на голoви на германски репрезентативец

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча западнал во непријатна ситуација поради прослава на еден негов гол. Му скокнале од разни страни, а за целата работа се заинтересирал и селекторот на Германија Јирген Клоп.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

26-годишниот Феликс Нмеча со два убави гола и донесе на Борусија Дортмунд победа во 11. коло од Бундеслига против Елсферсберг.

Двата гола Нмеча ги прославил нетипично: седнал на колено и гестикулирал како од главата спушта круна. Тој гест е поврзан со религиозната организација Ballers in God поради која и се покренала прашина во Германија.

Ballers in God е меѓународна заедница на професионални фудбалери, создадена за заеднички молитви, изучување на Библијата и ширење на христијанството. Движењето го основал поранешниот фудбалер на Тотенхем Џон Босток пред неколку недели, а таму членуваат и познатите фудбалери и репрезентативци Антони Еланга, Алекс Ивоби, Трево Чалоба и Феликс Нмеча.

Заедницата има околу 800.000 следбеници на Инстаграм а профилот секој викенд објавува прослави на голови и победи посветени на Исус Христос.

Прославата на Феликс Нмеча на головите се однесува на „Враќањето на Кралот“ (The King's Return) што го означува второто враќање на Христос. Таквиот гест е опишан и во една од книгите на библискиот Нов Завет.

Заедницата на фудбалери има официјален сајт каде има и можност за разговори на религиска тематика со реални луѓе преку американската фирма Groundwire. Германските новинари пишувале и дека Groundwire настапува против ЛГБТ, трансгендери и против абортусот.

Во медиумите веднаш се распространиле информации дека Немеча промовира организација која има такви погледи а германското општество е крајни сензитивно на тие прашања.

ШТО ВЕЛАТ КЛУБОТ, РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И САМИОТ НМЕЧА?

Позадината на прославата покренала реакции во Германија.

Официјалното здружение навивачи од структурата на Борусија Дортмунд прво излегло со детално соопштение. Еве што рекле:

„Феликс Нмеча веќе долги години отворено зборува за својата длабока побожност - тоа овде не е предмет на нашата критика. Ние го уважуваме правото на секој поединец да ја практикува својата религија. Нашата критика е против омаловажувањето и исклучувањето на луѓето - дури и кога такви постапки се оправдуваат со верски причини.

Ние сме против верските мрежи кои под закрила на верата промовираат поглед на светот што ги обезвреднува луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, начин на живот или лични избори. Таму каде што верските убедувања се користат за негација на човековата еднаквост, нашата толерација кон нетолеранцијата завршува. Религијата не смее да биде оправдување за дискриминација“.

Самиот клуб ја прокоментирал ситуацијата за германски Билд: „На нашиот клуб му е важно да ги почитува интересите и барањата на навивачите. Ние секогаш водиме отворен дијалог со доверба со нив за сите прашања. Секако клубот сериозно се однесува кон оваа дискусија која се води во медиумите. Тоа е повод за разговор со нашиот играч“.

Борусија Дортмунд е внимателна и на друштвените мрежи па никаде не ставиле фотографија од прославите на голови на Нмеча. Но профилот на англиски јазик во понеделникот го објавил голот со натпис The Felix Special.

Реагирал и германскиот фудбалски сојуз. Се огласил спортскиот директор Руди Фелер.

„Ние ќе го разгледаме со него тој проблем зошто стана јавно прашање. Најважно во такви ситуации е точно да се разбереме. Јас за Нмеча можам да кажам се најдобро. Разбирам дека не им се допаѓа на сите неговата прослава па затоа задолжително ќе поразговарам со него. Ќе постапиме по примерот на Борусија Дортмунд, со клубот исто сме на линија. Но не сакам од ова да се прави голем проблем“, рекол Руди Фелер.

Имено и селекторот на Германија Јирген Клоп се заинтересирал за ситуацијата и сам планира да разговара со фудбалерот кого го повикале на ноемвриските натпревари на Германија.

Самиот Нмеча последен се огласил на друштвените мрежи, два дена по натпреварот. Тој рекол дека немал намера никого да навреди.

„Разбрав дека мојата неодамнешна прослава предизвикала недоразбирање. Тоа не беше замислено како само промоција или реклама за која било организација. Прославата се состоеше во поставување круна пред Царот што доаѓа - пред Исус кој е изворот на мојата сила и надеж! Мојата порака нема никаква врска со промовирање нетрпеливост, дискриминација или омраза во каква било форма. Како Христијани ние проповедаме љубов и почит кон секого без оглед на тоа од каде доаѓа, во што верува или каков е неговиот поглед на светот“.

11 ноември 2026 - 09:58