- Манчестер Јунајтед со 45-годишниот Микаел Карик победи само 1 од 10 натпревари досега сезонава во Премиер лига и во моментов се наоѓа во опасната зона за испаѓање.
- Карик требаше да биде отпуштен уште пред две недели по дебаклите од Комо (4-1) во Лига на шампиони и од Борнмут дома во Премиер лига (0-3), но некако успеа да остане на клупата. Се до денес кога официјално доби отказ од управата.
- Како негови наследници на клупата се споменуваат Маурицио Почетино, Јулиан Нагелсман, Еди Хау и Антонио Конте.
- По заминувањето на целото раководство, како што и се очекуваше, РК Партизан го напушти и тренерот на екипата Раул Гонзалез.
- „Раул Гонзалез повеќе не е тренер на Партизан. По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот Миљан Жугиќ, беа одржани разговори со стручниот штаб и играчите во врска со периодот до формирањето на новиот Управен одбор“, стои во дел од соопштението на клубот.
- Гонзалез, кој имаше договор до 2028 година, си заминува по помалку од три месеци. Во тој период, Партизан забележа едно реми и пет порази во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство остана непоразен.
- Некогашниот легендарен фудбалер на белградски Партизан и позната легенда на југословенскиот фудбал Џевад Прекази починал на 70 години, пренесуваат белградските медиуми.
- Прекази, роден во Косовска Митровица беше еден од најсаканите фудбалери меѓу навиввачите на Партизан чиј дрес го носеше од 1976-та до 1983-та година. Освои три шампионски титули со белградскиот состав.
- Голема трага остави и во Галатасарај каде одигра 185 натпревари од 1985-та до 1991-ва и освои две шампионски титули.
- Играше уште и за Хајдук Сплит, а по крајот на кариерата се занмаваше и со мал фудбал во САД каде играше за Балтимор Бласт. За младинската репрезентација на Југославија запиша три настапи. Како тренер подоцна два пати го водеше белградски Железник.