Пружи рака, не биди прост

Ракувањето е еден од најуниверзалните облици на невербална комуникација. Но, во различни делови од светот важат различни дијалекти.

Бразил

Очекувај долго ракување помешано со значаен очен контакт. Ако е женско, бубни во двата образа. Истото повтори го и на заминување.

Кина

Возраста е битна, ракувањето започнува со најстарите во групата. Без стискање, со благ наклон. Избегнувај директен поглед во очи и задржи ја раката неколку моменти откако ќе заврши тресењето.

Австралија

Ако си женско, прва ја нудиш раката на маж. Жени обично не се поздравуваат со жени. Ракувањето е цврсто и брзо.

Франција

Без разлика дали со некого се гледаш по првпат или по 1000-ти пати, се поздравуваш брзо и лесно. Ако сте блиски, бакнеж во образите.

Русија

Се поздравувате како да сакате да си ги искршите коските. Не се поздравува спротивниот пол, освен ако не е бизнис состанок. На женско Русите им бакнуваат рака.

Турција

Цврсите ракувања се сметаат за непристојни. Не се изненадувајте ако домаќинот долго ви ја задржи раката во своите раце, тоа е знак на пријателство.

Јужна Кореја

Со ракување започнува најстариот и допирот треба да биде нежен. Убаво е да се потпре неговата десна рака со својата лева.

Мароко

Меѓу двајца мажи ракувањето е добредојдено. Жена се поздравува само ако таа пружи рака.

Обединети Арапски Емирати

Му ја пружаш раката на најстариот и го оставаш тој да одреди колку долго ќе трае ракувањето.

Кенија

Кога поздравуваш постар или побитен човек, си го придржуваш зглобот од десната рака со левата. Потоа задолжително прашуваш како дома, работа....без тоа е непристојно.

Мексико

Очекувај долго ракување. Гушкање меѓу мажи е добредојдено.

Норвешка

Без разлика колкумина има во групата, се поздравуваш со сите. И секого го именуваш со име и презиме. Никогаш не прашувај "Како сте?" бидејќи за Норвежаните, тоа е бесмислено прашање.

Тајланд

Не се ракувај! Ќе те поздрават со потегот "ваи" (припиени дланки во висина на градите), се отпоздравува со истиот потег.

17 декември 2013 - 16:13