Лацио фанс Индонезија се на седмо небо

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Лацио има навивачка база во Индонезија. Колку се, толку се, но важно им е убаво, посебно оваа сезона во која Лацио е лидер во Серија А.

Статистиката покажува дека римјаните се први на табела во месец ноември по пауза од 16 години.

За овие навивачи можеби меч на Лацио во живо изгледа како далечен сон, но тие имаат страст, како и желба за мајтапење.

Вистинската љубов кон клубот ги преминува океаните и временските зони и наоѓа свој дом секаде каде што има некој подготвен да ги сака тие бои.

10 ноември 2026 - 15:32