Бакљадата е секогаш успешен рецепт за спектакл на стадион. Уште од порано потсеќа на навивачите на Вардар, Милан и ред други клубови. Ама тие ја практикуваат на една трибина, а овие цел стадион го запалија.
Додека цел фудбалски свет синоќа го гледаше миланското дерби во ЛШ, Индонезија и Тајланд играа финале од 120 минути со 7 гола, 16 жолти и 6 црвени картони.
Главна агенда на последниот состанок на АСЕАН, организација која покрива околу 670 милиони луѓе, била укинување на зависноста на регионот од долари, евра и фунти, во меѓусебните трансакции и наместо тоа префрлање на локални валути.
Запознајте го Теџа Паку Алам, голман од првата индонезиска лига кој брани за Персиб Бандунг. Можеби на некој ќе му треба ваков човек кој царува не само во својот шеснаесетник, туку многу повеќе.
Само што го затворија конкурсот за најголемо промашување на 2022-ра, пак го отворија самите. Прво против Брунеи што би требало да се прогласи за утка број 1 на годината, а потоа и против Тајланд. Селекторот на колена падна и плус мечот заврши 1:1.
Се случи на мечот Брунеи - Индонезија 0:7. Без разлика на реализацијата на гостите, тоа што го утнаа треба да им го исечат од хајлаjтс, бидејќи срамота е да стои. Коментаторот вели ова може да е промашувањето на годината во цел свет. Не да може, ова е без конкуренција.
Ретко е, ама знае понекогаш да се случи ова на фудбал, овој пат во Индонезија. За коментаторов изгледа прва ваква сцена во пренос, со оглед на тоа колку слатко се изнасмеа.
Во квалификациите за Светско првенство 2022 синоќа Малезија со 2-0 ја победи Индонезија, а 80.000 навивачи на стадионот „Букит Џалил“ во Куала Лумпур направија атмосфера за која уште долго ќе се зборува. На мечот имало и нереди меѓу домашните и гостинските навивачи, па полицијата соопштила дека уапсила 40-ина навивачи (27 Малезијци и 14 Индонезијци).
А некој ќе типува на него во обложувалница без претходно да знае дека дечкото 27 часа непрекинато се возел во авион и сменил којзнае колку зони и клими.
Како што има италијанска, „шпагети“ верзија на вестерн, сега има и индонезиска. Режисерка е жена, и таа е пионер на нов жанр, сатаи вестерн, според традиционалното индонезиско јадење - ражнич од месо и сос од кикирики.
Можеби и не е ферски што вака ја опишуваме во насловот, но Мелати Сурјодармо експериментира со телото и преку своите перформанси предизвикува „концентрирано ниво на интензитет“ на сличен начин како и нејзината реална менторка.
Теренс Пухири е за нас анонимен 21 годишен фудбалер кој игра за индонезискиот клуб Борнео. Не знаеме ништо друго за него, но силно сме убедени дека на тренинг го бркаат леопарди.
Не можеме да се кладиме дека ја слушнале од Аеродромците, иако навивачите на МЗТ Скопје тврдат дека не знаат кој освен нив ја преработил епската I beleive I can fly. Во секој случај како и да е, мелодијата е певлива и многу заразна.
Масовна тепачка се случи на ватерполо дуел на индонезиските национални игри. Навивачите револтирани од некои судиски одлуки почнале да фрлаат шишиња во водата, а во хаотичната ситуација во базенот летаа тупаници на сите страни.
Сте дошле во ситуација да сакате да преведете нешто на македонски, и да ви се потребни многу повеќе зборови отколку во англискиот? Не е ни добро, ни лошо, туку едноставен лингвистички факт - некои јазици бараат повеќе детали за да формираат нешто што изгледа како заокружена реченица
Лани на турнеја во САД на секоја фотографија Ешли Кол се срамеше да застане до екипата, па годинава во Индонезија, Наинголан направи шега на сметка на левиот бек.
Во 2004. година стана познат откако го пронајдоа три недели по страшното цунами во Индонезија, а денес станува член на младинскиот состав на Спортинг Лисабон и оди по стапките на идолот Кристијано Роналдо.
Група студенти од Индонезија се решија да се пробаат на мал фудбал. И ништо немаше да биде чудно да не одлучеле место фудбалска топка да користат кокос запален со керозин.
Индонезиските екипи, ПСС Слеман и ПСИС Семаранг поради претходно насилство играа куп меч зад затворени врати, но со тоа не успеаа да го сокријат срамот бидејќи снимката им излезе на интернет.
Ако случајно се најдете во Индонезија, а баш тогаш се игра некое јако фудбалско дерби од Европа, рачунајте дека можете да го гледате како да сте на стадион. Откако ви го пренесовме дербито помеѓу големите ривали Лацио и Рома, сега повторно преку “лудите“ Индонезијци ве носиме на импровизираниот „Камп Ноу“.
Навивачката страст не познава граници. Доказ за тоа се индонезиските фанатици за фудбал кои жестоко ги бодрат своите омилени клубови од најсилните европски првенства. Ви ги претставуваме оние на Рома и Лацио кои заедно го следеа последното дерби исто како да се на стадионот „Олимпико" во Рим.