Детето што преживеа цунами и го немаше 21 ден ќе игра за Спортинг

Во 2004. година стана познат откако го пронајдоа три недели по страшното цунами во Индонезија, а денес станува член на младинскиот состав на Спортинг Лисабон и оди по стапките на идолот Кристијано Роналдо.

Спортинг Лисабон го направи најголемото изненадување на трансфер пазарот. Никој не го гледал како игра фудбалерот што го донесоа во младинскиот состав, но тој во Португалија е познат веќе 10 години.
 
Во 2004. година, младиот Индонезиец Мартунис имал 8 години. Стана познат по дресот на Руи Коста и по вон фудбалски мотиви. Таа 2004. година цунамито го уништи Југо-истокот од Азија, при што загинаа 230.000 луѓе и многу беа исчезнати пред сè во провинцијата Ачех во Индонезија.
 
Малиот Мартунис го нашле жив 21 ден после страшното цунами. Мајка му и двајцата браќа на малиот загинале под налетот на океанот, а тој се водел како исчезнат додека татко му бил меѓу преживеаните. По одисејата која траела 21 ден тој се појавил во дресот на Португалија со бројот 10, кој го носел за време на трагедијата. 
 
Неговата неверојатна приказна за преживување станала популарна во Лисабон, пред сè поради тоа што малиот зборувал колку многу го сака Кристијано Роналдо. Во 2007. година токму Роналдо и португалскиот фудбалски сојуз учествуваа во изградбата на нова куќа за Мартунис. Во 2005 година бил поканет да се запознае со репрезентацијата на Португалија, за која изјави дека би сакал да настапува во иднина. 

Мартунис во меѓувреме е пораснат, но страста за фудбалот е иста. Играл во еден индонезиски клуб, а вчера Спортинг Лисабон пратил понуда за него и Мартунис ќе настапува за екипата на Спортинг до 19 години. Славниот клуб соопшти дека Мартунис ќе живее во нивната Академија во Алкошете, ќе студира и ќе игра фудбал.
 
2 јули 2015 - 15:01