Спортинг извади 1:1 на гостувањето против ПСВ со гол во 84-та минута. Но можеше да го стори тоа во 71-ва минута. Едуардо Кварезма прими одлична топка, излезе пред голман и на крај се ушепртља сам со себе.
Првото коло од новата сезона во ЛШ само во првиот ден понуди дури 28 гола на 6 средби. Додека очите од 21 часот беа вперени кон средбите во Милано, Мадрид и Минхен, најатрактивниот гол падна во Лисабон на средбата меѓу Спортинг и Лил која заврши 2:0. Бомбата е на 20 годишниот Белгиец, Зено Дебаст. Голманот не мрдна.
Агресивен, валкан, насилен со неспортско однесување и со намера секогаш да удира, клоца и да подели некој бокс. Тоа е од прилика статусот на Пепе со кој се стекна во кариерата. Синоќа доби заслужен црвен на дербито против Спортинг кое Порто го загуби со 2:0. 40 години начука во газот и кој што прави, тој само црвени картони добива. Во Битола би го викале Пепе Црвенио.
Супер ефикасна вечер во 3. коло од Лигата на шампионите. Голови паѓаа како дожд во Бриж, во Истанбул, во Мадрид, во Амстердам, во Доњецк, во Париз. Гризман даде два гола против Ливерпул за брзо израмнување на резултатот, ама после направи глупост и доби црвен картон со што го чинеше тимот пораз.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Фудбалерите на Спортинг Лисабон играат неверојатна сезона и после цели 19 години се на одличен пат да ја освојат титулата во Португалија. Без пораз се на 24 меча (20 победи, 4 нерешени) и му бегаат 10 бода на Порто.
Се случува човек да утне шифра на сметка за струја, за вода, за телефон, ама да опнеш 11 милиони евра на туѓа сметка ѝ успеало само на управата на Лацио.
Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски брани во животна форма сезонава и сигурно е меѓу Топ5 голмани во Европа. На последните дуели во Лига на шампиони и португалското првенство правеше чуда. Никола на дербито Порто - Спортинг „спушти ролетна“ и на крајот победи 33-27.
Нуњо Мендеш почнал да тренира фудбал во академијата на Спортинг Лисабон уште кога имал 10 години. Денес, 8 години подоцна, на 18 растура како лев бек. Во 2020 има 11 настапи и 1 гол, синоќа против Портимоненсе.
Најголеми фудбалери на ХХ век најчесто ги нарекуваат Пеле, Марадона и Кројф. Напаѓачот на Бенфика и репрезентацијата на Португалија, Еузебио е далеку помалку споменуван и неправедно запоставен.
Најозборувано име во фудбалска Британија во моментов е Бруно Фернандеш, Португалецот кој го крена ранетиот Манчестер Јунајтед и го насочи на пат кон Лига на шампиони.
Фудбалерите на Спортинг славеа 3:1 против Башакшехир во нокаут фазата од Лига Европа. Стефан Ристовски одигра 90 минути и беше асистент при вториот гол откако се проби по десно и го најде на пеналтикот Шпорар.
Во Лига Купот на Португалија, Брага со 2-1 го победи Спортинг Лисабон. Ваков натпревар сезонава немало во Европа - судијата подели 10 жолти и дури 4 црвени картони. 90 минути изобилуваа остри прекршоци а кулминираше во 90+3’ минута кога Французинот Жереми Матје намерно и без никаква потреба го удри Вилсон Едуардо. Одма сите му се залетаа, а прв што го штитеше беше Стефан Ристовски.
Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
Единствениот македонски претставник во Лига Европа не беше вечерва во составот на Спортинг кој го прегази ПСВ со 4:0. Ајнтрахт со пресврт го совлада Арсенал на гости и се вмеша за прво место. Партизан е елиминиран откако при водство од 0:2 во Холандија, прими два комада на крај.
Како што старите раскажуваа за Пеле, Гаринча, Сократес, Бекенбауер, Џајиќ, Паоло Роси и многу други, така идните поколенија ќе слушаат за Кристијано Роналдо. А богами ќе имаат и што да видат.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, пред неколку дена го даде своето најдобро интервју во кариерата. Во разговор со новинарот Пирс Морган, Португалецот раскажа неколку интересни моменти од својот живот.
По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.
Во 92’ минута од гостувањето на Спортинг кај Маритимо синоќа, при резултат 0-0 Бас Дост разочарано по еден центаршут ја спушти главата и не примети дека топката му е пред нога да ја забие во гол. Слична шанса промаши и во 95’ минута против Виљареал за пласман на Спортинг понатаму во Лига Европа.
Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.
Во големото дерби на португалскиот фудбал, Бенфика на гости со 2:4 го потопи Спортинг Лисабон. Ваквата претстава на „орлите“ се должи и на убавата мотивација што ја имале пред мечот во соблекувалните, од најблиските.