Меси го спаси ПСЖ со два гола, Ливерпул го освои Мадрид

Супер ефикасна вечер во 3. коло од Лигата на шампионите. Голови паѓаа како дожд во Бриж, во Истанбул, во Мадрид, во Амстердам, во Доњецк, во Париз. Гризман даде два гола против Ливерпул за брзо израмнување на резултатот, ама после направи глупост и доби црвен картон со што го чинеше тимот пораз.

На мечот во Милано меѓу Интер и најголемото изненадување досега во ЛШ, Шериф Тираспол, нашиот репрезентативец Бобан Николов влезе во 75' минута од мечот но не можеше да спречи пораз на негвиот тим на „Џузепе Меаца“.

Група А:

ПСЖ - РБ ЛАЈПЦИГ 3:2 (1:1)
/Мбапе 9', Меси 67', 74' - Андре Силва 28', Мукиеле 57'/

КЛУБ БРИЖ - МАНЧЕСТЕР СИТИ 1:5 (0:2)

Група Б:

АТЛЕТИКО МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ 2:3 (2:2)
/Гризман 20', 34', ц.к 52' - Салах 8', 76' пен., Кеита 13'/

ПОРТО - МИЛАН 1:0 (0:0)
/Л. Дијаз 65'/

Група Ц:

АЈАКС - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 4:0 (2:0)
/Ројс а.г. 11', Блинд 25', Ентони 57', Алер 72'/

БЕШИКТАШ - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 1:4 (1:3)

Група Д:

ИНТЕР - ШЕРИФ ТИРАСПОЛ 3:1 (1:0)
/Џеко 34', Видал 58', Де Врај 67' - Тил 52'/

ШАХТЈОР ДОЊЕЦК - РЕАЛ МАДРИД 0:5 (0:1)
/Кривцов аг. 37', Винисиус Жуниор 51', 56', Родриго 64', Бензема 90+1'/