Здраво,
Се викам Адам и репортер сум на Њујорк Тајмс. Пишувам за да побарам коментар од Такер Карлсон за сторија околу Телеграм. Таа ќе опише како групи поврзани со Proud Boys го користат Телеграм за да комуницираат и да се организираат. Во некои постови тие ја коментираат црно-златната комбинација на Карлсон на митингот на Трамп и ја интерпретираат како негова поддршка за Proud Boys, кои користат црна и златна боја како свои официјални бои.
Дали е така? Дали на митингот во Медисон Сквер, господинот Карлсон одбра таква комбинација како знак дека ги подржува Proud Boys?
Адам Сатариано,
Њујорк Тајмс
*************
Драг Адам,
Само што го примив твоето прашање за вратоврската која ја носев на митингот на Трамп во Медисон. Да, тоа е официјална Proud Boys вратоврска. Ја добив на мојата церемонија на иницијација во Proud Boys пред неколку години, откако со крв се заколнав на глобална фашистичка револуција и на светите принципи на КјуАнон. Како што можеш да претпоставиш, јас ова обично не би признал. Правилата на тајните друштва наложуваат сè што е поврзано со дрес-кодот да остане доверливо. Но, во овој случај, јас бев надмудрен од твоето неуморно теренско истражувачко новинарство.
Секое добро,
Такер Карлсон
********
****